Skip to content

Академија за дигитален маркетинг со практична примена на AI

Академијата за дигитален маркетинг во Скопје е наменета за оние што сакаат да влезат во професијата дигитален маркетинг и да изградат реална основа за кариера во современа, data-driven средина. Програмата нуди структуриран и практичен пристап, работа на реални маркетинг проекти и менторска поддршка од активни професионалци, со јасен фокус на дигитални стратегии, перформанс маркетинг и примена на AI.
Академијата за дигитален маркетинг, стратегија и примена на AI претставува 8-месечна академска програма организирана преку практични модули што опфаќаат дигитална стратегија, performance маркетинг, аналитика и примена на релевантни AI алатки, како структурирана подготовка за влез во дигиталната маркетинг индустрија.
академија за дигитален маркетинг

За кого е академијата?

академија за дигитален маркетинг-скала-џолев

Ментори

16

Портфолио

Реален проект

Апликации

Уште 11 слободни места

Можности

+45 компании

За време на академијата

Креирај го твоето портфолио како дигитален маркетер преку работа на реални маркетинг проекти, изработка на дигитални стратегии, кампањи и анализи, под менторство на професионалци со активно искуство од индустријата.

скала школа за дизајн

Твојата прва скала

По академијата студентите се насочуваат кон пракса, junior позиции или ангажмани и вработување во маркетинг агенции, преку воспоставен систем на соработка со партнери од индустријата. Процесот се темели на квалитетот на портфолиото, практичната работа за време на академијата и препораки од менторите.

Карактеристики

280 часа

120 часа

8 месеци

почетно

15

комбинирано

Можности за финансирање

2250 €

500 евра попуст

20 месечни рати

Од настава до влез во индустрија - временска рамка

15.10.2026 - Почеток на Академија

јуни 2027 – Финализација на портфолио и професионална подготовк

сеп. 2027 – Јавна презентација пред индустријата

окт. 2027 – Влез во пракса, ангажман или вработување во компании

Аплицирај во ран уписен рок!

Раниот упис значи сигурно место во група и приоритет во процесот.:

  • -500 € за упис до 15 мај
  • до 20 месечни рати без камата

Учи од најдобрите

Ментори кои активно работат во индустријата и пренесуваат реално искуство.

По академијата​

Преку нашата мрежа на компании, студентите добиваат пристап до пракси и ангажмани.

Резултат

Нашите студенти се вработуваат и започнуваат со работа веднаш по академијата.

Предмети

Семестар I

ВОВЕД ВО МАРКЕТИНГ

• Маркетинг истражување 
• Потрошувачко однесување 
• Маркетинг микс (4P)

ДИГИТАЛНА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈА

• Основи на дигитален маркетинг 
• Формирање на идеален потрошувач 
• Креирање на дигитална маркетинг стратегија

БРЕНД МЕНАЏМЕНТ

• Разбирање на феноменот бренд
• Создавање и менаџирање на бренд
• Улогата на брендовите во дигиталниот маркетинг

COPYWRITING

Вовед во copywriting 
• Copywriting за дигитални канали 
• Создавање на креативен концепт

DIGITAL PR

• Комуникација со медиуми
• Планирање и промоција на настани
• Комуникација во кризни ситуации

Content Marketing and Visual Storytelling

• Развој на стратегија за креирање на содржина
• Создавање визуелна содржина
• Дистрибуција и промоција на содржина

E-MAIL МАРКЕТИНГ

• Стратегии за изградба на листа од контакти
• Автоматизација и сегментација на контаки 
• Ефективни мејл маркетинг кампањи

Семестар II

SOCIAL MEDIA МАРКЕТИНГ + АДВЕРТАЈЗИНГ

• Facebook и Instagram рекламирање
• LinkedIn оптимизација и реклами
• Tik Tok основи и практики
• Social Media план

GOOGLE АДВЕРТАЈЗИНГ

• Основи на Google Ads
• Истражување и оптимизација на клучни зборови
• Пратење на перформанси и оптимизација

SEARCH ENGINE OPTIMIZATION

• On page + Off page оптимизација 
• Истражување на клучни зборови 
• SEO анализа

GOOGLE АНАЛИТИКА

• Анализа на податоци и увид
• Поставување цели и следење конверзии
• Напредни аналитички техники

ДИГИТАЛНА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈА
ВИЗУЕЛНИ КОМУНИКАЦИИ
AI ВО ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ

• Вовед во AI во дигитален маркетинг 
• Користење на најпопуларните AI алатки

FREELANCE
кариера

Скала-ленд

Ментори и наставен тим

Стекни нови вештини учејќи од искустни професионалци од индустријата, кои се подготвени да ти го пренесат своето знаење и да ти помогнат да го оствариш твојот потенцијал.

Снежана Никифорова академија за дигитален маркетинг скала
СУЗАНА НИКИФОРОВА
Founder & Mentor

Animaway Branding Agency of Change

ВЛАДИМИР РИСТЕВСКИ
Partner & Creative Director

Piksel

ГОРДАНА ВРЕНЦОСКА
Декан - универзитетски профессор

Факултет за арт и дизајн

милан савов-академија-за-дигитален-маркетинг
МИЛАН САВОВ
Founder and CEO of SmartClick

Web and SEO Agency

ЕЛЕНА КОСТОСКА
Consultant for LinkedIn & Personal Branding
НАТАША ДУКОСКА
Executive manager and integrated communications officer

Navigators Marketing & PR Agency

НЕНА ГИЕВСКА
Account executive

Navigators Marketing & PR Agency

МАРИНА ДИМИТРИЕВСКА
Senior digital marketing specialist

Piksel

катерина дуковска-скала-академија за дигитален маркетин
КАТЕРИНА ДУКОСКА
Head of Operations, Email Deliverability & Outbound Sales

SalesMake

МИЛА РАКОВИЌ
Digital Team Lead

Piksel

ГОРЈАН СТОЈАНОВСКИ
Специјалист за дигитален адвертајзинг
КРСТО ЗЛАТКОВ
Генерален менџер

Институт за дизајн и технологии – ИДТ Скопје

ЗАПОЧНИ СО СКАЛА

Искачи се едно скалило повисоко од останатите!
Не ја пропуштај можноста да ја имаш кариерата што ја посакуваш.
Те очекуваме!

Често поставувани прашања

КАКО ДА АПЛИЦИРАМ?

Аплицирањето е брзо и едноставно, преку пополнување на нашата онлајн апликација. По апликацијата, нашиот тим те контактира за краток разговор и договор за следните чекори.
Доколку преферираш, можеш и лично да нè посетиш или директно да нè контактираш на 076 266 740.

Колку трае академијата и каков е форматот на наставата?

Академијата трае 8 месеци и се одвива со физичко присуство.
Наставата се реализира 3–4 пати неделно, во попладневни термини, со јасно структуриран распоред што овозможува усогласување со работа или студии.

Програмата бара континуиран ангажман, но е дизајнирана така што студентите постепено влегуваат во реален работен ритам – преку практична настава, работа на проекти и директна комуникација со менторите.

Како Академијата помага при вработување и пракса?

Сите академии во Скала се конципирани како подготовка за реална работа во креативната индустрија, а не само како едукативен процес.

За време на академијата, студентите работат на реални проекти, градат професионално портфолио и добиваат менторска поддршка од активни професионалци од индустријата.
Процесот е насочен кон практична примена, професионални стандарди и развој на вештини кои се барани од компании и студија.

По завршувањето, студентите учествуваат на настанот „Скала по скала“, каде што јавно го презентираат своето портфолио пред компании, студија и HR претставници од креативната индустрија.
Врз основа на квалитетот на портфолиото, ангажманот за време на академијата и препорака од менторите, студентите се насочуваат кон пракса, ангажман или вработување.

Ова не е автоматски процес, туку реален и селективен систем, кој овозможува директна поврзаност меѓу студентите и индустријата.

Кои се опциите за плаќање?

Овозможуваме повеќе флексибилни опции за плаќање, со цел академијата да биде достапна за различни ситуации:

Еднократно плаќање со попуст
При уплата на целиот износ, студентот добива попуст од 100 евра.
Оваа можност важи во периодот на ран упис, додека цената е најповолна.

Плаќање на рати – без камата
Нудиме можност за плаќање на до 20 месечни рати, без дополнителни трошоци и камати.
Бројот на рати и планот за исплата се договараат индивидуално со секој студент.

Важно е да се напомене дека со секој нареден месец, цената на академијата постепено се зголемува, па ранaта апликација значи поповолни услови и поголема финансиска флексибилност.

Дали е потребно предзнаење?

Не е потребно претходно предзнаење во областа.
Потребни се основни компјутерски вештини, редовност и сериозна посветеност кон програмата.

Наставата е структурирана така што студентите постепено ги градат знаењата од основа, а активното учество и практичната работа се клучни за постигнување на резултати.

Каде се одвива наставата?

Наставата се одвива во просториите на Скала, лоцирани во центарот на Скопје.

Покрај училниците, Скала нуди високостандардизирани работни, продукциски и креативни простори, опремени за практична настава, развој на проекти и професионална примена.

Физичкото присуство и квалитетот на просторот се суштински дел од искуството и ја прават наставата поблиска до реалната работа во креативната индустрија.

Кои вештини и знаења ќе ги стекнам?

Во рамки на академијата ќе стекнеш практични знаења и вештини во областа на дигиталниот маркетинг, вклучувајќи дигитална стратегија, content и social media маркетинг, performance кампањи, SEO и анализа на резултати. Ќе учиш како да планираш, изведуваш и оптимизираш дигитални кампањи преку примена на релевантни маркетинг алатки, платформи и AI-поддржани решенија за анализа, автоматизација и оптимизација на процесите.

Преку работа на реални маркетинг проекти ќе развиеш вештини за креирање стратегии, управување со платени и органски канали, анализа на податоци и донесување одлуки базирани на резултати, комбинирајќи класични маркетинг принципи со современа и практична примена на AI, во соработка со професионалци од дигиталната маркетинг индустрија.

Што по завршување на академијата?

По завршување на програмата, студентите излегуваат со комплетно изградено професионално портфолио и јасна насока за влез во индустријата. Академијата завршува со јавна презентација и завршна изложба, каде што студентските проекти се претставуваат пред компании и професионалци од креативните индустрии.

Преку воспоставен систем на соработка со компании, студентите ги презентираат своите портфолија пред потенцијални работодавачи, по што дел од нив продолжуваат на пракса, проектен ангажман или добиваат понуда за вработување. Процесот е поддржан со менторски препораки, кариерно насочување и директна поврзаност со индустријата.

Академијата не завршува само со диплома, туку со реална можност за професионален ангажман.

Студенти од Академијата работат во:

Направи поволен финансиски план

Уплата до 15 мај

Уплата до 20 рати без камата
77 Месечно
  • заштеда од 500€ за рана уплата
  • 100€ попуст за уплата на целиот износ
  • 50€ попуст за секоја препорака
  • твојата желба за студирање е наш приоритет
Активно

Уплата до 15 јули

Уплата до 18 рати без камата
97 Месечно
  • заштеда од 300€ за рана уплата
  • 100€ попуст за уплата на целиот износ
  • 50€ попуст за секоја препорака
  • твојата желба за студирање е наш приоритет

Уплата до 15 септември

Уплата до 16 рати без камата
122 Месечно
  • заштеда од 100€ за рана уплата
  • 100€ попуст за уплата на целиот износ
  • 50€ попуст за секоја препорака
  • твојата желба за студирање е наш приоритет

Што кажуваат Скала студентите

Тестимонијали

Знаењето стекнато во Скала е многу повеќе од изучување на вештини!
Нашиот најголем фокус е професионалниот развој на студентите.

Теона Димова

Неформалното образование е убедливо најдобрата опција да зачекорите во графичкиот дизајн и да се стекнете со огромен фонд на знаење од искусни ментори.

Аника Радевски

Овој сајт [skala.edu.mk] е едно од моите први искуства во UX/UI кариерата. Се радувам на можноста да соработувам со тимот од професионалци на Tivius и секако ништо од ова не би било можно без студирањето на академијата.

аника веб дизајн скала академија
Ивана Латинска

Од лично искуство и досегашно учење во повеќе образовни институции, би ја издвоила Академијата во Скала како најперспективна и најпродуктивна!

Теа Клинчарова

Скала за мене е од големо значење, се здобив со големо знаење и само ми е жал што Академијата не траеше повеќе од една година.

Ивана Коцева

Преку Академијата, стекнав знаења и вештини кои што сега ги применувам секојдневно, овозможувајќи  да напредувам и да придонесам во проекти во кој што сум вклучена.

Студентите создаваат

Студент Vs. Ментор

Видео рубрика каде што студентите имаат можност да поразговараат еден на еден со менторите и да ги прашаат згодни и незгодни прашања.

Милан Савов

Милан Савов е магистер по компјутерски инженеринг, CEO и основач на SmartClick – SEO и веб агенција, и ментор на Академијата за дигитален маркетинг во Скала.

Драгана Димитриевска

Таа е студентка на Архитектонскиот факултет при УКИМ и на Академијата за дигитален маркетинг во Скала. Таа е ентузијаст за креативни и технолошки трендови и активно учествува во студентските активности во локалната креативна заедница.

Последни новости

UX/UI+ дизаjн /
графички дизаjн /
визуелни уметности /
UX/UI+ дизаjн /
графички дизаjн /
визуелни уметности /
фотографиjа /
моден дизаjн /
ентериер и продукт дизаjн /
фотографиjа /
моден дизаjн /
ентериер и продукт дизаjн /

Истражи ја твојата креативност и талент со Скала

скала студенти дигитален маркетинг човечки ресурси продукт оунер програмирање софтвер тестер графички дизајн
×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: