Академиja за видео продукција и нови дигитални медиуми + AI
- Можности за кариера: видеограф, режисер, моушн дизајнер, видео контент креатор, арт директор и сродни креативни и продукциски улоги.
- Ова не е краток курс, туку целосна академска програма со континуирана практика и менторска поддршка.
Академијата за продукција, нови дигитални медиуми + AI претставува 10-месечна, темелно конципирана програма која комбинира практична работа, современи продукциски методологии и примена на релевантни софтверски и AI-алатки. Програмата води кон развој на авторски видеа и дигитален контент, разбирање на целиот процес , од идеја, снимање и продукција, до монтажа и објава, како и подготвеност за работа во продукциски тимови, агенции или како content creator и самостоен автор.
- Кариерен план
- Насочување и поддршка
За кого е академијата?
- 1. Почетници без претходно искуство што сакаат структуриран влез во дизајнот со јасна професионална насока.
- 2. Лица за професионална преквалификација што бараат практична и применлива настава со цел влез во индустријата и почеток на кариера.
- 3. Креативци со интерес или искуство што бараат структуриран процес, менторска поддршка и континуирана работа на реални проекти.
Ментори
13
Портфолио
Реален проект
Апликации
Уште 11 слободни места
Можности
+45 компании
За време на академијата
Креирај го твоето портфолио како Видеограф, контент креатор или визуелен артист преку креативно размислување, практични вежби и работа на реални проекти под менторство на долгогодишни професионалци и експери од индустријата.
Твојата прва скала
По академијата студентите се насочуваат кон пракса, ангажмани или вработување преку воспоставен систем на соработка со компании и студија од креативната индустрија. Процесот се темели на квалитетот на портфолиото, ангажманот за време на академијата и препораки од менторите.
Карактеристики
- Уште 11 слободни места
- НАСТАВА
320 часа
- ПРАКСА
120 часа
- ВРЕМЕТРАЕЊЕ
10 месеци
- ПОТРЕБНО НИВО
–
- СТУДЕНТИ
20
- ФОРМАТ
физичко присуство
- СЕРТИФИКАТ
✔
- ЗАВРШНА ИЗЛОЖБА
✔
Можности за финансирање
- ЦЕНА
2750 €
- РАН УПИС
500 евра попуст
- ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ
20 месечни рати
- АЛУМНИ СМЕТКА
✔
- ПРОГРАМА ЗА ПРЕПОРАКА
✔
Од настава до влез во индустрија - временска рамка
15.10.2026 - Почеток на настава
јуни 2027 – Финализација на портфолио и професионална подготовка
јули 2027 – Јавна изложба и презентација пред индустријата
сеп. 2027 – Влез во пракса, ангажман или вработување во компании
Аплицирај во ран уписен рок!
Оваа година, на располагање се:
- -500 € за упис до 15 мај
- до 20 месечни рати без камата

Учи од најдобрите
Ментори кои се врвни професионалци и експери во индустријата

По академијата
Те поврзуваме со најголемите компании од индустријата

Резултат
Нашите студенти се вработени и активно работат во креативната индустрија.
Предмети
Семестар I
- разбирање на креативната продукција како процес (идеја → концепт → реализација)
- улоги и одговорности во креативен и продукциски процес
- развој на креативна идеја и концептуално размислување
- визуелна насока и креативен правец (што, зошто и како се создава)
- планирање и организација на креативна продукција
- работа со бриф, задачи и ограничувања
- основи на продукциска логика (рокови, ресурси, формати)
- комуникација и соработка во креативен тим
- подготовка за продукција во различни медиуми (фото, графика, видео)
- разбирање на контекст: публика, платформа и намена на содржина
- композиција и организација на визуелен простор
- теорија на боја, значење и психологија на бојата,
- контраст и хармонија
- линија и форма, органски и геометриски структури,
- негативен простор
- текстура и патерн,
- естетика, визуелна вредност, критериуми и развој на личен визуелен стил
- основи на фотографијата и фотографското размислување
- технички карактеристики и ракување со фото-камера
- светло и студиска фотографија за продукт, концептуална и адвертајзинг примена
- фотографски елементи и принципи
- практични фотографски вежби и проекти
- користење AI алатки како поддршка во анализа, селекција и подобрување на фотографија
- основни принципи на анимација и подготовка на материјали
- технички основи на Adobe After Effects (анимација и композитинг)
- развој и финализација на креативен концепт во Adobe After Effects
- Adobe Illustrator – векторска логика за видео и анимација
- подготовка на илустрации за анимација (clean paths, слоеви, структура)
- работа со shape-и, групи и hierarchy за After Effects
- карактер илустрација за motion (rig-friendly пристап)
- типографија и векторски текст за анимација
- илустрација за explainer видеа и motion graphics
- организација на фајлови за import во After Effects
- workflow Illustrator → After Effects (import, editable layers)
- користење AI алатки како поддршка во скицирање, варијации и стилска експлорација
- оптимизација на векторска графика за motion и video output
- ADOBE Photoshop + Camera Raw
- основи на обработка
- работа со layers, masks и blending modes
- корекција на светло, контраст и тонски опсег
- корекција и контрола на боја
- ретуширање и чистење на фотографија
- фотомонтажа и комбинирање на повеќе фотографии
- користење AI алатки во Photoshop
Семестар II
- AI како алатка во современата видео и медиумска продукција
- улогата на AI во развој на визуелен концепт и стил
- AI за истражување, референци и визуелна насока
- генерирање и адаптација на визуелни елементи за видео
- AI како поддршка во storyboard, moodboard и previsualization
- AI во motion и визуелни ефекти (основно разбирање)
- етика, авторство и одговорна употреба на AI во видео медиуми
- интеграција на AI во продукциски workflow за нови медиуми
- режисерска визија и раскажување
- улогата на режисерот и режисерска визија
- storytelling и драматургија за видео форми
- форма, жанр и формат (short-form, branded, наративен) - предпродукција и планирање
- развој на идеја, концепт и тритмент
- работа со сценарио
- визуелна насока, storyboard и shot list
- планирање сцени, локации и снимачки ден - работа на сет и режисерска комуникација
- кадар, движење и blocking
- работа со актер или субјект пред камера
- режисерска комуникација со тим
- подготовка и водење на снимачки процес
- разбирање на екосистемот на нови медиуми (TikTok, Instagram Reels, YouTube Shorts, emerging platforms)
- CapCut како алатка за брза видео продукција и адаптација на содржина
- workflow во CapCut: од суров материјал до подготвен видео формат
- адаптација на видео содржина за различни платформи и формати
- развој на конзистентен визуелен стил
- развој на video-first стратегија според платформа и публика
- content formats и наративи за кратка видео форма
- стратегиско планирање на видео содржина (series, campaigns, testing)
- основи на монтажа и современ workflow во Adobe Premiere Pro
- монтажа и наратив за различни аудиовизуелни формати и платформи
- интеграција на слика, звук и ритам во монтажниот процес
- AI-поддржани алатки во монтажа (автоматска селекција, синхронизација, титлови)
- финализација и адаптација на видео
- содржина за веб, социјални медиуми, телевизија и кино
организација, - испорака на финален видео продукт
- основи на работа со камера и снимачки сет
- кадар, композиција и движење на камера
- светло и експозиција во различни услови
- напредни техники на осветлување и креативна употреба на светло
- работа со звук во снимачки контекст
- практични снимачки вежби и теренска работа
- личен брендинг, PR и професионална промоција
- презентациски и комуникациски вештини
- стратегија за личен и професионален развој
- основи на бизнис-модели и самостојна работа
- стартап размислување и претприемачки пристап
- маркетинг и продажба во креативен контекст
Скала-ленд
Ментори и наставен тим
Стекни нови вештини учејќи од искустни професионалци од индустријата, кои се подготвени да ти го пренесат своето знаење и да ти помогнат да го оствариш твојот потенцијал.
ЗАПОЧНИ СО СКАЛА
Искачи се едно скалило повисоко од останатите!
Не ја пропуштај можноста да ја имаш кариерата што ја посакуваш.
Те очекуваме!
Често поставувани прашања
Аплицирањето е брзо и едноставно, преку пополнување на нашата онлајн апликација. По апликацијата, нашиот тим те контактира за краток разговор и договор за следните чекори.
Доколку преферираш, можеш и лично да нè посетиш или директно да нè контактираш на 076 266 740.
Академијата трае 10 месеци и се одвива со физичко присуство.
Наставата се реализира 3–4 пати неделно, во попладневни термини, со јасно структуриран распоред што овозможува усогласување со работа или студии.
Програмата бара континуиран ангажман, но е дизајнирана така што студентите постепено влегуваат во реален работен ритам – преку практична настава, работа на проекти и директна комуникација со менторите.
Сите академии во Скала се конципирани како подготовка за реална работа во креативната индустрија, а не само како едукативен процес.
За време на академијата, студентите работат на реални проекти, градат професионално портфолио и добиваат менторска поддршка од активни професионалци од индустријата.
Процесот е насочен кон практична примена, професионални стандарди и развој на вештини кои се барани од компании и студија.
По завршувањето, студентите учествуваат на настанот „Скала по скала“, каде што јавно го презентираат своето портфолио пред компании, студија и HR претставници од креативната индустрија.
Врз основа на квалитетот на портфолиото, ангажманот за време на академијата и препорака од менторите, студентите се насочуваат кон пракса, ангажман или вработување.
Ова не е автоматски процес, туку реален и селективен систем, кој овозможува директна поврзаност меѓу студентите и индустријата.
Овозможуваме повеќе флексибилни опции за плаќање, со цел академијата да биде достапна за различни ситуации:
Еднократно плаќање со попуст
При уплата на целиот износ, студентот добива попуст од 100 евра.
Оваа можност важи во периодот на ран упис, додека цената е најповолна.
Плаќање на рати – без камата
Нудиме можност за плаќање на до 20 месечни рати, без дополнителни трошоци и камати.
Бројот на рати и планот за исплата се договараат индивидуално со секој студент.
Важно е да се напомене дека со секој нареден месец, цената на академијата постепено се зголемува, па ранaта апликација значи поповолни услови и поголема финансиска флексибилност.
Не е потребно претходно предзнаење во областа.
Потребни се основни компјутерски вештини, редовност и сериозна посветеност кон програмата.
Наставата е структурирана така што студентите постепено ги градат знаењата од основа, а активното учество и практичната работа се клучни за постигнување на резултати.
Наставата се одвива во просториите на Скала, лоцирани во центарот на Скопје.
Покрај училниците, Скала нуди високостандардизирани работни, продукциски и креативни простори, опремени за практична настава, развој на проекти и професионална примена.
Физичкото присуство и квалитетот на просторот се суштински дел од искуството и ја прават наставата поблиска до реалната работа во креативната индустрија.
Во рамки на академијата ќе стекнеш практични знаења и вештини во областа на видео продукцијата и новите дигитални медиуми, со фокус на визуелни комуникации, storytelling, камера, светло, звук и монтажа. Ќе учиш како да развиваш идеи и да ги претвораш во видеа – од концепт и сценарио, до снимање, постпродукција и финална објава, користејќи професионални алатки како Adobe Premiere и After Effects, како и AI-поддржани алатки за креирање и оптимизација на содржина.
Преку работа на реални проекти ќе развиеш вештини за креирање видеа, кратки филмови, motion design и дигитален контент за различни платформи, комбинирајќи креативен пристап со техничка прецизност. Во процесот ќе работиш на стратегија за видео содржини, визуелен идентитет и комуникација, во соработка со ментори и професионалци од индустријата, како основа за професионална работа во продукциски тимови, агенции или како самостоен content creator.
По завршување на програмата, студентите излегуваат со комплетно изградено професионално портфолио и јасна насока за влез во индустријата. Академијата завршува со јавна презентација и завршна изложба, каде што студентските проекти се претставуваат пред компании и професионалци од креативните индустрии.
Преку воспоставен систем на соработка со компании, студентите ги презентираат своите портфолија пред потенцијални работодавачи, по што дел од нив продолжуваат на пракса, проектен ангажман или добиваат понуда за вработување. Процесот е поддржан со менторски препораки, кариерно насочување и директна поврзаност со индустријата.
Академијата не завршува само со диплома, туку со реална можност за професионален ангажман.
Студенти од Академијата работат во:














































Направи поволен финансиски план
Уплата до 15 мај
Уплата до 20 рати без камата-
заштеда од 500€ за рана уплата
-
100€ попуст за уплата на целиот износ
-
50€ попуст за секоја препорака
-
твојата желба за студирање е наш приоритет
Уплата до 15 јули
Уплата до 18 рати без камата-
заштеда од 300€ за рана уплата
-
100€ попуст за уплата на целиот износ
-
50€ попуст за секоја препорака
-
твојата желба за студирање е наш приоритет
Уплата до 15 септември
Уплата до 16 рати без камата-
заштеда од 100€ за рана уплата
-
100€ попуст за уплата на целиот износ
-
50€ попуст за секоја препорака
-
твојата желба за студирање е наш приоритет
Што кажуваат Скала студентите
Тестимонијали
Знаењето стекнато во Скала е многу повеќе од изучување на вештини!
Нашиот најголем фокус е професионалниот развој на студентите.
Андреј Арсенков
Пријатно се изненадив од тоа колку Академијата за Визуелни уметности ме подготви за практична работа!
Ана В’чкова
Имав ментори кои ме охрабруваа да правам исчекори, да бидам посигурна во себе и слободно да творам. Уживав во предавањата кои беа спој од технички можности, креативно размислување, разговори за уметност и дизајн, изложби и настани.
Стефан Трпески
За време на предавањата на Академијата за Визуелни уметности си поминувам супер и морам да кажам дека сѐ она коешто го учиме, го применувам веднаш на местото каде што работам.
Гаја Смилевска
Менторот Кардула ми остави особен впечаток, по секое предавање со него го имав чуството дека навистина сака да ни го пренесе своето знаење и искуство.
Ана Попоска
Имав одлична соработка и комуникација со менторите на академијата за Визуелни уметности. Работата со Illustrator ме плашеше пред да почнам, но многу брзо го совладав благодарение на практичните и разбирливи предавања.
Студентите создаваат

Студент Vs. Ментор
Видео рубрика каде што студентите имаат можност да поразговараат еден на еден со менторите и да ги прашаат згодни и незгодни прашања.

Гоце Кралевски
Дипломиран филмски и ТВ-монтажер на Факултетот за драмски уметности во Скопје, продуцент, монтажер и основач на продукциската куќа „ДНФ Филмс“ која што годинава слави 10 години од нејзиното постоење.

Андреј Арсенков
Музичар и фотограф, кој од мала возраст има интерес за цртање и анимација. Андреј, минатата година дипломираше на Филолошки факултет „Блаже Конески" во Скопје на Катедрата за преведување и толкување.
Последни новости
„Скала по скала“: студентите директно пред креативната индустрија
„Линија“ – студентска изложба во Скала
Не се оценува финалната слика, туку процесот – Академија за фотографија
Како изгледа испитна сесија на Академијата за моден дизајн?
Како изгледа првата испитна сесија на Академијата за дигитален маркетинг?
Студентски искуства: Марија Митреска – Академија за фотографија
Студентски искуства: Ана Младеновска – Академија за Моден дизајн
Студентски искуства: Анастасија Стојкова – Академија за Ентериер дизајн
Студентски искуства: Меланија Димова – Дигитален маркетинг
Истражи ја твојата креативност и талент со Скала