Academy for Fashion Design
- Можности за кариера: моден дизајнер, конструктор на облека, стилист, развој на сопствен моден бренд...
Академијата за моден дизајн е темелна, современа 10-месечна програма насочена кон развој на практични и креативни вештини во областа на модниот дизајн. Програмата ги поврзува дизајнерскиот процес, конструкцијата на облека и визуелниот идентитет со современи пристапи и алатки, со цел развој на авторска колекција, безвременски модни парчиња и професионална подготвеност за работа во модната индустрија.
- Кариерен план
- Насочување и поддршка
4.8
- највисока оцена од досегашните студенти
регрутација
- на крајот од Академијата со HR менаџери од компании
150+
студенти
- од Академиите се вработиле во разни компании во изминатата година
Ментори
10
Портфолио
Реален проект
Апликации
Уште 10 слободни места
Можности
+20 компании
За време на академијата
Креирај го твоето модно досие преку креативно размислување и практични вежби под менторство на долгогодишни професионалци и експери од индустријата.
Твојата прва скала
Биди дел од најновите активности во Скала, информирај се, инспирирај се и запознај се со нашите програми преку нашите настани и содржини.
Карактеристики
- Уште 10 слободни места
- НАСТАВА
320 часа
- ПРАКСА
120 часа
- ВРЕМЕТРАЕЊЕ
10 месеци
- ПОТРЕБНО НИВО
почетно
- СТУДЕНТИ
15
- ФОРМАТ
физичко присуство
- СЕРТИФИКАТ
✔
Можности за финансирање
- ЦЕНА
2750 €
- РАН УПИС
500 евра попуст
- ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ
20 месечни рати
- АЛУМНИ СМЕТКА
✔
- ПРОГРАМА ЗА ПРЕПОРАКА
✔
временски план
15.10.2026 - Почеток на настава
јуни 2027 - Крај на настава
сеп. 2027 - Можност за пракса во компанија
окт. 2025 - Skopje Fashion Weekend
Аплицирај во ран уписен рок!
Оваа година, на располагање се:
- -500 € за упис до 15 мај
- до 20 месечни рати без камата

Учи од најдобрите
Ментори кои се врвни професионалци и експери во индустријата

По академијата
Те поврзуваме со најголемите компании од индустријата

Резултат
Нашите студенти се вработени и активно работат во креативната индустрија.
Предмети
Семестар I
- основи на модна колекција и нејзина структура
- развој на тема, инспирација и концепт
- изработка на moodboard, color board и textile board
- визуелна насока и стилска конзистентност
- планирање на модни парчиња и силуети
- вовед во процесот од идеја до колекција
- алатки и техники за кроење и шиење
- моделирање и конструкција на крој
- изработка на основен терк и модификации
- проба, корекција и прилагодување на облека
- изработка и финализација на производ
- историски преглед и анализа на развојот на различните типови и додатоци, во зависност од историските, општествените и културолошките контексти
- модна илустрација и ликовна едукација
- ликовни елементи, принципи и техники
- пропорции на човечко тело и модна фигура
- контрапост и движење
- стилизација и визуелна интерпретација
- теорија на боја, значење и психологија на бојата, контраст и хармонија
- линија и форма, органски и геометриски структури и негативен простор
- текстура и патерн како визуелен и материјален израз
- естетика, визуелна вредност и развој на личен моден стил
Семестар II
- разбирање на модниот систем и неговите современи контексти
- дефинирање на модни категории и позиционирање на колекција
- методологија на дизајнирање и развој на модна колекција
- градење релации со целна публика и пазарен контекст
- презентација и дистрибуција на модна колекција (ревија, фото-едиторијал, дигитални канали)
- алатки и техники за кроење и шиење
- моделирање и конструкција на крој
- изработка на основен терк и модификации
- проба, корекција и прилагодување на облека
- изработка и финализација на производ
- дигитализација на технички цртежи и кројни скици
- дигитална модна илустрација и визуелна презентација на дизајн
- работа со слоеви, линии и бои за модна илустрација
- личен брендинг и позиционирање на моден бренд
- PR, промоција и комуникација во модната индустрија
- презентативни и pitching вештини
- стратегија за личен и професионален развој
- маркетинг, презентација и продажба на модни производи
- практичен процес на изработка на модна фотографија
- концепт и визуелен пристап во моден фото-едиторијал
- продукт модна фотографија и комерцијална примена
- работа со тим, стилинг и визуелна презентација
- личен брендинг, PR и професионална промоција
- презентациски и комуникациски вештини
- стратегија за личен и професионален развој
- основи на бизнис-модели и самостојна работа
- стартап размислување и претприемачки пристап
- маркетинг и продажба во креативен контекст
Скала-ленд
Ментори и наставен тим
Стекни нови вештини учејќи од искустни професионалци од индустријата, кои се подготвени да ти го пренесат своето знаење и да ти помогнат да го оствариш твојот потенцијал.
ЕЛЕНА ВАНГЕЛОВСКА
УНИВЕРЗИТЕТСКИ ДОЦ. / МОДЕН ДИЗАЈНЕР / МОДЕН ИЛУСТРАТОР
ЗАПОЧНИ СО СКАЛА
Искачи се едно скалило повисоко од останатите!
Не ја пропуштај можноста да ја имаш кариерата што ја посакуваш.
Те очекуваме!
Често поставувани прашања
Брзо и едноставно, преку пополнување на нашата електронска апликација. Или можеш лично да нè посетиш. Остави ни ги твоите податоци и ќе те контактираме за да договориме за термин.
Наставата се одржува 4 пати неделно, со по 3 часа дневно. Термините за настава се секогаш попладне од 17:00 до 19:00 часот или од 19:30 до 22:00 часот.
Студентот може да избере дали наставата ќе ја следи целата програма со физичко присуство или комбинирано (теоретскиот дел ќе го следи онлајн, практичниот дел со физичко присуство).
Програмата е прилагодена со цел да може да ја следат: лица без искуство кои сакаат да се преквалификуваат со цел да започнат кариера како модни дизајнери како и во областите на модниот дизајн, модната фотографија, конструкција на облека и моден бренд.
Овозможуваме две опции за плаќање и тоа:
Еднократно праќање со попуст: при уплата на целиот износ студентот добива попуст од 100 евра (оваа можност се однесува и во периодот на ран упис на академиите)
На рати со флексибилни опции: можност за плаќање до 20–месечни рати, без дополнителни трошоци и камати (бројот на рати и планот за исплата го дефинираме заедно со студентот).
За следење на програмата не е потребно претходно предзнаење во областа, но потребно е познавање од основни компјутерски вештини и посветеност кон програмата. Редовноста и активноста за време на часовите се клучни за постигнување на резултати.
Наставата се одвива во просториите на Скала кои се лоцирани на 50та Дивизија бр.22 во склоп на објектот Јавна Соба.
Во рамки на академијата ќе имаш можност да ги совладаш од технички и креативен аспект трите основни модни принципи: моден дизајн, конструкција на облека и модна илустрација, и нивно комбинирање, што во суштина и претставува модниот дизајн. Оваа програма ќе те научи како да размислуваш креативно, преку различен тип на методологии и техники со цел да создаваш креативни модни решенија, користејќи дигитална илустрација.Ќе научиш како да создадеш моден идентитет за клиенти, ќе научиш да моделираш и конструираш облека за најразличен тип на модни барања, како и можност за создавање сопствен моден бренд.
Програмата на академијата завршува со заедничко подготвување на завршната студентска изложба, настан на кој се изложуваат проектите на студентите од академиите за дизајн и се доделуваат дипломи и уверениај на сите студенти во Скала. По завршување на програмата студентите своите веќе изработени портфолија ги презентираат пред избрани компании од индустријата кои селектираат студенти кои продолжуваат на пракса или пак добиваат понуда за вработување.
Trusted by














































Направи поволен финансиски план
Уплата до 15 јуни
Уплата до 19 рати без камата-
заштеда од 400€ за рана уплата
-
100€ попуст за уплата на целиот износ
-
50€ попуст за секоја препорака
-
твојата желба за студирање е наш приоритет
Уплата до 15 јули
Уплата до 18 рати без камата-
заштеда од 300€ за рана уплата
-
100€ попуст за уплата на целиот износ
-
50€ попуст за секоја препорака
-
твојата желба за студирање е наш приоритет
Уплата до 15 август
Уплата до 17 рати без камата-
заштеда од 200€ за рана уплата
-
100€ попуст за уплата на целиот износ
-
50€ попуст за секоја препорака
-
твојата желба за студирање е наш приоритет
Што кажуваат Скала студентите
Тестимонијали
Знаењето стекнато во Скала е многу повеќе од изучување на вештини!
Нашиот најголем фокус е професионалниот развој на студентите.
Mаја Матлијоска
Мојот совет е да немате ни најмал сомнеж ако одберете студии на Академијата затоа што, студирајќи на моден дизајн, знам дека најдоброто допрва доаѓа!
Марија Трајковска
Многу ме радува праксата во Bellа која ја посетувам благодарение на Академјата за Моден дизајнм, во Bella сум месец ипол и веќе се запознав со сите процеси кои се дел од работата во модната индустрија.
Тиана Јовиќ
Благодарна сум за секоја пофалба и совет од страна на менторот Ношпал затоа што токму тие совети и насоки направија да сум поупорна и поцврста во процесот на дизајнирање.
Никола Јовановски
Академијата за Моден дизајн ме доведе тука каде што сум денес, моето прво стажирање беше во „Bella” и најдобриот почеток да видам како функционира модната индустрија.
Mихаела Штерјова
Менторите на Академија за моден дизајн ми беа од огромна помош низ процесот на креирање модно досие и модна колекција. Тие беа многу посветени и успешно ни го пренесоа нивното долгогодишно знаење и искуство.
Студентие создаваат

Студент Vs. Ментор
Видео рубрика каде што студентите имаат можност да поразговараат еден на еден со менторите и да ги прашаат згодни и незгодни прашања.

Никола Булески – Буле
Дипломиран моден дизајнер во областа на pattern-making и продукција на облека во Милано, Италија. Го започнува својот дизајнерски бренд „COLLECTION“ и моден бренд „MATTIS“, прв во Македонија. Освен искуството како дизајнер, тој е и професор по дизајн на Катедрата по арт и дизајн на две академии, дома и во странство. Активен е со неговиот бренд „Никола Булески Буле“.

Катерина Тошева
Моделар во модната куќа „BELLA“, но свој креативен придонес има и на други проекти од индустријата, како 3Д-дизајнер во "Virtuality.Fashion”, моден дизајнер во "Модно Студио ЛЕ-ТЕ”, продукт-дизајнер во "BRUMMELL” и менторка на обуката за кроење и шиење во „SKALA“.
Последни новости
Како изгледа испитна сесија на Академијата за моден дизајн?
Како изгледа првата испитна сесија на Академијата за дигитален маркетинг?
Студентски искуства: Марија Митреска – Академија за фотографија
Студентски искуства: Ана Младеновска – Моден дизајн
Студентски искуства: Анастасија Стојкова-Ентериер и продукт дизајн
Студентски искуства: Меланија Димова – Дигитален маркетинг
Студентски искуства: Ангелина Наумовска – Фотографија
Студентски искуства: Мелани Марјановиќ – Моден дизајн
Што ќе правиш оваа пролет?
Истражи ја твојата креативност и талент со Скала