Академија за графички дизајн, креативна примена на AI и визуелни комуникации
- Можност за кариера: графички дизајнер, UX/UI дизајнер, motion дизајнер, арт директор
- Ова не е краток курс, туку целосна академска програма со континуирана практика и менторска поддршка.
Академијата за графички дизајн, креативна примена на AI и визуелни комуникации претставува 10-месечна, темелно конципирана образовна програма која комбинира практична работа, современи дизајнерски методологии и примена на релевантни AI-поддржани и Adobe алатки, како основа за професионален развој и почеток на кариера.
- Кариерен план
- Насочување и поддршка
За кого е академијата?
- 1. Почетници без претходно искуство што сакаат структуриран влез во дизајнот со јасна професионална насока.
- 2. Лица за професионална преквалификација што бараат практична и применлива настава со цел влез во индустријата и почеток на кариера.
- 3. Креативци со интерес или искуство што бараат структуриран процес, менторска поддршка и континуирана работа на реални проекти.
Ментори
11
Портфолио
Реален проект
Апликации
Уште 9 слободни места
Можности
+45 компании
За време на академијата
Креирај го твоето портфолио како графички дизајнер преку работа на реални проекти и менторство од професионалци од индустријата, како подготовка за професионална работа во компании и дизајн студија.
ТВОЈАТА ПРВА СКАЛА
По академијата студентите се насочуваат кон пракса, ангажмани или вработување преку воспоставен систем на соработка со компании и студија од креативната индустрија. Процесот се темели на квалитетот на портфолиото, ангажманот за време на академијата и препораки од менторите.
Карактеристики
- Група 1: Пополнето
- Група 2: 9 слободни места
- НАСТАВА
320 часа
- ПРАКСА
120 часа
- ВРЕМЕТРАЕЊЕ
10 месеци
- ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ
не се потребни
- СТУДЕНТИ
максимум 20
- ФОРМАТ
физичко присуство
- СЕРТИФИКАТ
✔
Можности за финансирање
- ЦЕНА
2750 €
- РАН УПИС
500 евра попуст
- ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ
до 20 месечни рати
- АЛУМНИ СМЕТКА
✔
- ПРОГРАМА ЗА ПРЕПОРАКА
✔
Од настава до влез во индустрија - временска рамка
15.10.2026 - Почеток на настава
јуни 2027 – Финализација на портфолио и професионална подготовка
јули 2027 – Јавна изложба и презентација пред индустријата
сеп. 2027 – Влез во пракса, ангажман или вработување во компании
Аплицирај во ран уписен рок!
Раниот упис значи сигурно место во група и приоритет во процесот.:
- -500 € за упис до 15 мај
- до 20 месечни рати без камата

Учи од најдобрите
Ментори кои активно работат во индустријата и пренесуваат реално искуство.

По академијата
Преку нашата мрежа на компании, студентите добиваат пристап до пракси и ангажмани.

Резултат
Нашите студенти се вработуваат и започнуваат со работа веднаш по академијата.
Предмети
Семестар I
- што е AI во контекст на визуелни комуникации
- улогата на AI во современиот дизајнерски и креативен процес
- визуелна писменост во ера на генеративни слики
- основи на prompt размислување (јазик, контекст, насока)
- AI како алатка за идеја, инспирација и концептуален развој
- работа со AI за скици, moodboard-и и визуелна насока
- етика, авторство и одговорност во AI-креирани визуели
- разлика помеѓу генерација, адаптација и манипулација
- интеграција на AI во постоечки дизајнерски workflow
- критичка анализа на AI резултати (што функционира, што не)
- композиција и организација на визуелен простор
- теорија на боја, значење и психологија на бојата,
- контраст и хармонија
- линија и форма, органски и геометриски структури,
- негативен простор
- текстура и патерн,
- естетика, визуелна вредност, критериуми и развој на личен визуелен стил
- Adobe Illustrator – основи и работна логика
- типови и пристапи во дигитална илустрација
- карактер илустрација и визуелен стил
- корпоративна илустрација и илустрација во функција на бренд и лого
- постер дизајн со илустративен пристап
- илустрација и визуелен наратив во дизајн на книга
користење AI алатки како поддршка во идеја, скица и стилска експлорација
- Adobe InDesign
- класификација и анатомија на писма
- типографски правила и принципи
- уредување на текст и layout системи
- типографија во рекламирање и визуелни комуникации
- типографија во лого и логотип
- основи на фотографијата и фотографското размислување
- технички карактеристики и ракување со фото-камера
- светло и студиска фотографија за продукт, концептуална и адвертајзинг примена
- фотографски елементи и принципи
- практични фотографски вежби и проекти
- користење AI алатки како поддршка во анализа, селекција и подобрување на фотографија
- ADOBE Photoshop + Camera Raw
- основи на обработка
- работа со layers, masks и blending modes
- корекција на светло, контраст и тонски опсег
- корекција и контрола на боја
- ретуширање и чистење на фотографија
- фотомонтажа и комбинирање на повеќе фотографии
- користење AI алатки во Photoshop
Семестар II
- Adobe Photoshop, Illustrator и InDesign – интегрирана работа
- типографија и типографски системи
- дизајн на постер и визуелни комуникации
- лого дизајн и основи на брендинг
- визуелен идентитет и примена на бренд
- дизајн на амбалажа и продукт визуелизација
- advertising и дизајн во комуникациски кампањи
- дизајнот како систем, јазик и дисциплина
- методологии и пристапи во современи дизајнерски практики
- структура и фази на дизајнерски процес
- примена на дизајнерска методологија во реални проекти
- напредно prompt размислување (насока, ограничувања, стил, контрола)
- развој на конзистентен визуелен стил со AI
- AI во функција на брендинг и визуелни системи
- комбинирање на AI резултати со класичен дизајнерски процес
- AI како алатка за визуелно истражување и варијации
- работа со серијалност, наратив и визуелна логика
- контрола на квалитет и селекција
- AI и авторски потпис
- подготовка на AI визуели за реална употреба
- дефинирање личен AI workflow
- live collaboration и real-time ко-креирање на дизајн
- components и variants како систем за дизајн адаптации
- auto layout како логика за динамични формати и resize
- prototype connections за интерактивни презентации
- states и component interactions како основа за motion размислување
- Figma како мост помеѓу static дизајн и motion / interactive pipeline
- подготовка и адаптација на дизајн за дигитални платформи и социјални медиуми
- работа со формати, размери и серијалност на визуелни материјали
- примена на дизајн во печатени медиуми и
- основи на печатарска подготовка
- разбирање на технички барања за различни медиуми (digital и print)
- контрола на квалитет и финална проверка пред објава или печат
- организација на фајлови и професионален workflow
- личен брендинг, PR и професионална промоција
- презентациски и комуникациски вештини
- стратегија за личен и професионален развој
- основи на бизнис-модели и самостојна работа
- стартап размислување и претприемачки пристап
- маркетинг и продажба во креативен контекст
Скала-ленд
Ментори и наставен тим
Стекни нови вештини учејќи од искустни професионалци од индустријата, кои се подготвени да ти го пренесат своето знаење и да ти помогнат да го оствариш твојот потенцијал.
ЗАПОЧНИ СО СКАЛА
Искачи се едно скалило повисоко од останатите!
Не ја пропуштај можноста да ја имаш кариерата што ја посакуваш.
Те очекуваме!
Често поставувани прашања
Аплицирањето е брзо и едноставно, преку пополнување на нашата онлајн апликација. По апликацијата, нашиот тим те контактира за краток разговор и договор за следните чекори.
Доколку преферираш, можеш и лично да нè посетиш или директно да нè контактираш на 076 266 740.
Академијата трае 10 месеци и се одвива со физичко присуство.
Наставата се реализира 3–4 пати неделно, во попладневни термини, со јасно структуриран распоред што овозможува усогласување со работа или студии.
Програмата бара континуиран ангажман, но е дизајнирана така што студентите постепено влегуваат во реален работен ритам – преку практична настава, работа на проекти и директна комуникација со менторите.
Сите академии во Скала се конципирани како подготовка за реална работа во креативната индустрија, а не само како едукативен процес.
За време на академијата, студентите работат на реални проекти, градат професионално портфолио и добиваат менторска поддршка од активни професионалци од индустријата.
Процесот е насочен кон практична примена, професионални стандарди и развој на вештини кои се барани од компании и студија.
По завршувањето, студентите учествуваат на настанот „Скала по скала“, каде што јавно го презентираат своето портфолио пред компании, студија и HR претставници од креативната индустрија.
Врз основа на квалитетот на портфолиото, ангажманот за време на академијата и препорака од менторите, студентите се насочуваат кон пракса, ангажман или вработување.
Ова не е автоматски процес, туку реален и селективен систем, кој овозможува директна поврзаност меѓу студентите и индустријата.
Овозможуваме повеќе флексибилни опции за плаќање, со цел академијата да биде достапна за различни ситуации:
Еднократно плаќање со попуст
При уплата на целиот износ, студентот добива попуст од 100 евра.
Оваа можност важи во периодот на ран упис, додека цената е најповолна.
Плаќање на рати – без камата
Нудиме можност за плаќање на до 20 месечни рати, без дополнителни трошоци и камати.
Бројот на рати и планот за исплата се договараат индивидуално со секој студент.
Важно е да се напомене дека со секој нареден месец, цената на академијата постепено се зголемува, па ранaта апликација значи поповолни услови и поголема финансиска флексибилност.
Не е потребно претходно предзнаење во областа.
Потребни се основни компјутерски вештини, редовност и сериозна посветеност кон програмата.
Наставата е структурирана така што студентите постепено ги градат знаењата од основа, а активното учество и практичната работа се клучни за постигнување на резултати.
Наставата се одвива во просториите на Скала, лоцирани во центарот на Скопје.
Покрај училниците, Скала нуди високостандардизирани работни, продукциски и креативни простори, опремени за практична настава, развој на проекти и професионална примена.
Физичкото присуство и квалитетот на просторот се суштински дел од искуството и ја прават наставата поблиска до реалната работа во креативната индустрија.
Во рамки на академијата ќе стекнеш практични знаења и вештини во областа на визуелните комуникации, типографија, композиција, фотографија и дигитална илустрација, со јасен фокус на современ графички дизајн. Ќе учиш како да креираш визуелни решенија преку примена на професионални дизајнерски алатки како Adobe Photoshop, Illustrator и InDesign, како и AI-поддржани алатки за концепт, визуелна разработка и оптимизација на креативниот процес.
Преку работа на реални проекти ќе развиеш вештини за креирање визуелен идентитет, маркетинг материјали, амбалажа и дигитални решенија, комбинирајќи класични дизајнерски принципи со современа и креативна примена на AI, во соработка со искусни професионалци од креативната индустрија.
По завршување на програмата, студентите излегуваат со комплетно изградено професионално портфолио и јасна насока за влез во индустријата. Академијата завршува со јавна презентација и завршна изложба, каде што студентските проекти се претставуваат пред компании и професионалци од креативните индустрии.
Преку воспоставен систем на соработка со компании, студентите ги презентираат своите портфолија пред потенцијални работодавачи, по што дел од нив продолжуваат на пракса, проектен ангажман или добиваат понуда за вработување. Процесот е поддржан со менторски препораки, кариерно насочување и директна поврзаност со индустријата.
Академијата не завршува само со диплома, туку со реална можност за професионален ангажман.
Студенти од Академијата работат во:














































Направи поволен финансиски план
Уплата до 15 мај
Уплата до 20 рати без камата-
заштеда од 500€ за рана уплата
-
100€ попуст за уплата на целиот износ
-
50€ попуст за секоја препорака
-
твојата желба за студирање е наш приоритет
Уплата до 15 јули
Уплата до 18 рати без камата-
заштеда од 300€ за рана уплата
-
100€ попуст за уплата на целиот износ
-
50€ попуст за секоја препорака
-
твојата желба за студирање е наш приоритет
Уплата до 15 септември
Уплата до 16 рати без камата-
заштеда од 100€ за рана уплата
-
100€ попуст за уплата на целиот износ
-
50€ попуст за секоја препорака
-
твојата желба за студирање е наш приоритет
Што кажуваат Скала студентите
Тестимонијали
Знаењето стекнато во Скала е многу повеќе од изучување на вештини!
Нашиот најголем фокус е професионалниот развој на студентите.
Марија Ангелова
Доколку сакате да ги развиете вашите вештини како креативна личност, оваа академија е идеална за вас!
Андријана Антова
Многу насмевки на луѓе од кои може многу да се научи. Работа + убаво поминато време. Така оваа практична реалност дефинитивно ме носи една скала погоре.
Дејан Ичев
Академијата нуди добри услови и одлични ментори. Јас, откако се запишав на академијата, научив многу работи за кратко време коишто претходно ми изгледаа недостижно.
Давид Пачемски
Доколку сте отворени да го развиете вашето знаење на професионално ниво, тогаш Академиите на Скала се правиот пат за вас!
Марија Стојановска
Од менторите и од самата Академија за графички дизајн, научив многу. Се запознав и дружев со супер креативни и отворени луѓе и би ги советувала сите што се двоумат, веднаш да го направат првиот чекор и да се запишат!
Студентие создаваат

Студент Vs. Ментор
Видео рубрика каде што студентите имаат можност да поразговараат еден на еден со менторите и да ги прашаат згодни и незгодни прашања.

Гордана Вренцоска
Магистрирала дизајн на Central Saint Martins School of Art & Design. Авторка е на бројни уметнички и дизајнерски проекти, стручни и научни текстови, и книги. Редовен професор и деканка на ФАД и Менторка на Академија за графички дизајн во Скала.

Немања Пејиќ
Завршил во средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“ на смерот сликарство. Денес студент на Академијата за графички дизајн, и тату-артист.
Последни новости
Завршна студентска изложба на Академиите за дизајн во Скала
„Скала по скала“: студентите директно пред креативната индустрија
„Линија“ – студентска изложба во Скала
Не се оценува финалната слика, туку процесот – Академија за фотографија
Како изгледа испитна сесија на Академијата за моден дизајн?
Како изгледа првата испитна сесија на Академијата за дигитален маркетинг?
Студентски искуства: Марија Митреска – Академија за фотографија
Студентски искуства: Ана Младеновска – Академија за Моден дизајн
Студентски искуства: Анастасија Стојкова – Академија за Ентериер дизајн
Истражи ја твојата креативност и талент со Скала