Академија за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација
- Можности за кариера: дизајнер на ентериер, дизајнер на комерцијални и станбени простори, 3D визуелизатор (archviz), продукт дизајнер, freelance 3D артист и сродни дизајнерски улоги.
Академијата за ентериер дизајн и дигитална визуелизација во Скопје е професионална програма за оние што сакаат да работат како ентериер дизајнери (внатрешно уредување) или 3D визуелизатори. Преку работа на реални проекти, студентите учат како се развива концепт, како се анализира простор и како се создаваат прецизни 3D модели и визуелизации со современи 3D и AI алатки.
- Ова не е краток курс, туку целосна академска програма со континуирана практика и менторска поддршка.
Академијата за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација е 10-месечна професионална програма за подготовка на идни ентериер дизајнери — дисциплина што често се поистоветува со внатрешно уредување, но опфаќа поширок процес на концепт, просторна анализа и техничка разработка. Програмата комбинира практична работа, современи методологии и примена на 3D и AI алатки како SketchUp, 3ds Max и Rhino, со фокус на развој на конкурентно портфолио и подготовка за кариера како ентериер дизајнер.
- Кариерен план
- Насочување и поддршка
За кого е академијата?
- 1. Почетници без претходно искуство што сакаат структуриран влез во дизајнот со јасна професионална насока.
- 2. Лица за професионална преквалификација што бараат практична и применлива настава со цел влез во индустријата и почеток на кариера.
- 3. Креативци со интерес или искуство што бараат структуриран процес, менторска поддршка и континуирана работа на реални проекти.
Ментори
11
Портфолио
Реален проект
Апликации
Уште 8 слободни места
Можности
+20 компании
За време на академијата
Креирај го твоето професионално портфолио како ентериер дизајнер и 3D визуелизатор преку работа на реални просторни проекти, развој на концепт, техничка разработка и финална визуелизација, под менторство на искусни професионалци од индустријата.
Твојата прва скала
По академијата студентите се насочуваат кон пракса, проектни ангажмани или вработување во архитектонски студија, дизајн бироа и компании од градежната и креативната индустрија. Процесот се темели на квалитетот на изработеното портфолио, професионалниот пристап за време на академијата и препораките од менторите.
Карактеристики
- Уште 8 слободни места
- НАСТАВА
320 часа
- ПРАКСА
120 часа
- ВРЕМЕТРАЕЊЕ
10 месеци
- ПОТРЕБНО НИВО
–
- СТУДЕНТИ
15
- ФОРМАТ
физичко присуство
- СЕРТИФИКАТ
✔
- ЗАВРШНА ИЗЛОЖБА
✔
Можности за финансирање
- ЦЕНА
2750 €
- РАН УПИС
500 евра попуст
- ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ
20 месечни рати
- АЛУМНИ СМЕТКА
✔
- ПРОГРАМА ЗА ПРЕПОРАКА
✔
Од настава до влез во индустрија - временска рамка
15.10.2026 - Почеток на настава
јуни 2027 – Финализација на портфолио и професионална подготовка
јули 2027 – Јавна изложба и презентација пред индустријата
сеп. 2027 – Влез во пракса, ангажман или вработување во компании
Аплицирај во ран уписен рок!
Раниот упис значи сигурно место во група и приоритет во процесот.:
- -500 € за упис до 15 мај
- до 20 месечни рати без камата

Учи од најдобрите
Ментори кои активно работат во индустријата и пренесуваат реално искуство.

По академијата
Преку нашата мрежа на компании, студентите добиваат пристап до пракси и ангажмани.

Резултат
Нашите студенти се вработуваат и започнуваат со работа веднаш по академијата.
Предмети
Семестар I
- основи на техничко цртање и визуелна прецизност
- разбирање на размер, пропорции и скала
- ортогонални проекции, пресеци и изгледи
- техничка документација за простор и продукт
- стандардни ознаки, линии и симболи во технички цртеж
- читање и интерпретација на технички планови
- техничко цртање како основа за 3D моделирање и дигитална визуелизација
- теорија на боја, значење и психологија на бојата, контраст и хармонија
- линија и форма, органски и геометриски структури и негативен простор
- текстура и патерн како визуелен и материјален израз
- естетика, визуелна вредност и развој на личен стил
- поим и типови материјали и нивна примена
- материјални финиши и површински завршни обработки
- техники и процеси на обработка на материјали
- основи на техничка подготовка за 3D моделирање
- технички основи и работна логика на Autodesk 3ds Max
- основи на 3D моделирање и просторна форма
- развој на креативен концепт и дигитална форма
- 3D визуелизација и рендеринг на продукт и простор
- технички основи и работна логика на SketchUp
- 2D скицирање како алатка за просторна и продукт идеја
- развој на креативен концепт преку скица
- 2D визуелизација и основен рендеринг
- дизајн размислување и процес од идеја до скица
- основи на адитивно производство и 3D печатење
- дизајн и подготовка за адитивно производство
- изработка и реализација на самостојни 3D проекти
Семестар II
- дизајн размислување и пристап кон проблем
- структура и фази на дизајнерски процес
- развој и артикулација на креативен концепт
- 3D визуелизација и рендеринг на продукт
- анализа на простор, контекст и кориснички потреби
- просторни стандарди, ергономија и функционална организација
- зонирање и планирање на станбени и комерцијални простори
- употреба на мебел, размер и функционалност во простор
- материјали, бои, текстури и нивна примена во ентериер
- осветлување како функционален и атмосферен елемент
- развој на концепт за ентериер и визуелна насока
- примена на ентериер дизајн во реални проекти
- композиција и поставување на камери за просторна визуелизација
- осветлување во функција на форма, материјал и атмосфера
- материјализација и текстурирање на 3D модели
- оптимизација на сцена и рендер процес
- сетирање и финализација на рендери за презентација и портфолио
- основи на дизајн и конструкција со плочест материјал
- работна логика и интерфејс на Trun-CAD во контекст на мебел и ентериер
- креирање и развој на елементи од плочест материјал (корпус, фронтови, модули)
конструктивни решенија, споеви и техничка - изведба
- подготовка на техничка документација и работилнички цртежи
- оптимизација на материјал и припрема за
- CNC и сериско производство
- поврзување на дизајн
- идеја со реална изработка и производство
- основи на AI и дигитална интелигенција во дизајнерски контекст
- AI како поддршка во развој на концепт и идејни варијации
- generative пристапи во просторен и продукт дизајн
- AI во анализа, оптимизација и сценарија за дизајнерски решенија
- примена на AI во визуелизација, презентација и комуникација на дизајн
- AI како алатка за размислување и одлуки
- личен брендинг, PR и професионална промоција
- презентациски и комуникациски вештини
- стратегија за личен и професионален развој
- основи на бизнис-модели и самостојна работа
- стартап размислување и претприемачки пристап
- маркетинг и продажба во креативен контекст
Скала-ленд
Ментори и наставен тим
Стекни нови вештини учејќи од искустни професионалци од индустријата, кои се подготвени да ти го пренесат своето знаење и да ти помогнат да го оствариш твојот потенцијал.
ЗАПОЧНИ СО СКАЛА
Искачи се едно скалило повисоко од останатите!
Не ја пропуштај можноста да ја имаш кариерата што ја посакуваш.
Те очекуваме!
Често поставувани прашања
Брзо и едноставно, преку пополнување на нашата електронска апликација. Или можеш лично да нè посетиш. Остави ни ги твоите податоци и ќе те контактираме за да договориме за термин.
Наставата се одржува 3-4 пати неделно, со по 2-3 часа дневно. Термините за настава се секогаш попладне од 17:00 и 19:00.
Студентот може да избере дали наставата ќе ја следи целата програма со физичко присуство или комбинирано (теоретскиот дел ќе го следи онлајн, практичниот дел со физичко присуство).
Програмата е прилагодина со цел да може да ја следат: лица без искуство кои сакаат да се преквалификуваат како и лица со искуство кои сакаат да ги усовршат своите знаења во областите на графички дизајн, фотографија, илустрација и типографија.
Овозможуваме две опции за плаќање и тоа:
Еднократно праќање со попуст: при уплата на целиот износ студентот добива попуст од 100 евра (оваа можност се однесува и во периодот на ран упис на академиите)
На рати со флексибилни опции: можност за плаќање до 20–месечни рати, без дополнителни трошоци и камати (бројот на рати и планот за исплата го дефинираме заедно со студентот).
За следење на програмата не е потребно претходно предзнаење во областа, но потребно е познавање од основни компјутерски вештини и посветеност кон програмата. Редовноста и активноста за време на часовите се клучни за постигнување на резултати.
Наставата се одвива во просториите на Скала кои се лоцирани на Бул. Св. Климент Охридски, бр. 16
Во рамки на академијата ќе имаш можност да се стекнеш со практични знаења и вештини во областа на типографија, илустрација и фотографија. Ќе нучиш како преку примена на најсовремените софтверски алатки како Adobe Photoshop, Illustrator, InDesign и XD, да креираш графички решенија како визуелен идентитет, амбалажа, маркетинг материјали и UX/UI дизајн, во соработка со искусни професионалци од креативните индустрии.
Програмата на академијата завршува со заедничко подготвување на завршната студентска изложба, настан на кој се изложуваат проектите на студентите од академиите за дизајн и се доделуваат дипломи и уверениај на сите студенти во Скала. По завршување на програмата студентите своите веќе изработени портфолија ги презентираат пред избрани компании од индустријата кои селектираат студенти кои продолжуваат на пракса или пак добиваат понуда за вработување.
Trusted by














































Направи поволен финансиски план
Уплата до 15 мај
Уплата до 20 рати без камата-
заштеда од 500€ за рана уплата
-
100€ попуст за уплата на целиот износ
-
50€ попуст за секоја препорака
-
твојата желба за студирање е наш приоритет
Уплата до 15 јули
Уплата до 18 рати без камата-
заштеда од 300€ за рана уплата
-
100€ попуст за уплата на целиот износ
-
50€ попуст за секоја препорака
-
твојата желба за студирање е наш приоритет
Уплата до 15 септември
Уплата до 16 рати без камата-
заштеда од 100€ за рана уплата
-
100€ попуст за уплата на целиот износ
-
50€ попуст за секоја препорака
-
твојата желба за студирање е наш приоритет
Студентите создаваат

Студент Vs. Ментор
Видео рубрика каде што студентите имаат можност да поразговараат еден на еден со менторите и да ги прашаат згодни и незгодни прашања.

Гордана Вренцоска
Магистрирала дизајн на Central Saint Martins School of Art & Design. Авторка е на бројни уметнички и дизајнерски проекти, стручни и научни текстови, и книги. Редовен професор и деканка на ФАД и Менторка на Академија за графички дизајн во Скала..

Немња Пејиќ
Завршил во средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“ на смерот сликарство. Денес студент на Академијата за графички дизајн, и тату-артист.
Последни новости
Студентски искуства: Меланија Димова – Дигитален маркетинг
Студентски искуства: Ангелина Наумовска – Фотографија
Студентски искуства: Мелани Марјановиќ – Моден дизајн
Што ќе правиш оваа пролет?
SKALA 2025: создававме, поврзувавме, вработувавме!
Рецензија: За Антонио Станков и петгодишната работа во „Студио 1“
Серија поткасти: За дизајнерските работи, со Дејан Џолев
Последниот повик за стипендија е отворен – искористи ја шансата!
Од инспирација до 3Д реализација – студентски проекти од Академијата за ентериер и продукт дизајн
Истражи ја твојата креативност и талент со Скала