Курс: Видео монтажа - ADOBE Premiere Pro
За сите кои сакаат да монтираат видеа како професионалци и да ги оживеат своите креативни идеи на екран!



Курс: Видео монтажа - ADOBE Premiere Pro
Учесниците на курсот ќе ја совладаат уметноста на видео монтажата користејќи ја професионалната алатка Adobe Premiere Pro. Преку практична работа, ќе ги научат основите на сечење, спојување и обработка на видео материјали, како и напредни техники како корекција на боја, додавање ефекти и работа со звук.
Програмата е дизајнирана за да ги развие техничките и креативните вештини на учесниците, овозможувајќи им да создадат професионални видео-проекти. На крајот од курсот, учесниците ќе завршат со свој финален видео-проект и ќе добијат сертификат за успешно завршување на програмата.

Твојата прва скала
Биди дел од најновите активности во Скала, информирај се, инспирирај се и запознај се со нашите програми преку нашите настани и содржини.
Карактеристики
- Уште 7 слободни места
- ПОЧЕТОК
10.03.2025
- НАСТАВА
24 часа
- ВРЕМЕТРАЕЊЕ
8 термини
- ТЕРМИН
Вторник, 17:00 – 19:30
- ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ
почетни
- СТУДЕНТИ
12
- ФОРМАТ
физичко присуство
- ЕВАЛУАЦИЈА
Да
- СЕРТИФИКАТ
Да
Можности за финансирање
- ЦЕНА
215€ [плаќање на 3 рати без камата]
- РАН УПИС
Да
- ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ
Да
- ПОПУСТ
10% попуст за уплата на целиот износ
Програма

Основни алатки за користење во Adobe Premiere:
- Запознавање со интерфејсот;
- Работа со основни алатки;
- Импортирање и организирање на материјали: видео, аудио и графички елементи.
- Основни подесувања за секвенци: резолуција, фрејмрејт и кодеци.
- Подесување и користење на Effects Controls и Lumetri Color Panel.
Технички и креативни процеси при работа на повеќе аудио-визуелни форми:
- Монтажа на кратки и динамични формати, работа со текст и графички анимации.
- Синхронизација на аудио и видео, креирање на ритмична динамика преку сечење.
- Креирање на континуитет и темпо, работа со дијалози и повеќе аудио траки.
- Работа со повеќе траки: организирање на видео, аудио и графички елементи за оптимален workflow.
- Основи на корекција на боја: користење на Lumetri Color за прилагодување на боја, контраст и осветленост.
Пакување на финален продукт за веб, ТВ и кино:
- Подесување на експорт параметри за различни платформи (веб, ТВ, кино).
- Користење на Media Encoder за компресија и експорт.
- Креирање на титлови и графички елементи за завршен продукт.
Trusted by














































Наставен тим

Ментор
Гоце Кралевски
Работно искуство / Автор
Гоце Кралевски, познат како Крале, е искусен продуцент и филмски и ТВ-монтажер со долгогодишно искуство во филмската продукција. Редовен посетител и учесник на најголемите светски филмски фестивали.
Веќе 12 години е основач и продуцент на DNF Films, продукција којашто постојано создава успешни краткометражни и долгометражни филмови во соработка со извонредни македонски автори.
Крале често вели: „Кога го работиш она што го сакаш, не одиш ниту еден ден на работа.“ Сепак, за викенд, тој ги полни своите батерии со планинарење на Водно, за подоцна да ги потроши на камерите



ЗАПОЧНИ СО СКАЛА
Искачи се едно скалило повисоко од останатите!
Не ја пропуштај можноста да ја имаш кариерата што ја посакуваш.
Те очекуваме!
Скала Академии
Фотографија
UX/UI дизајн
Ентериер и продукт дизајн
Моден дизајн
Видео продукција, анимација и нови дигитални медиуми
Графички дизајн
