Курс: Фотографија
ЗА СИТЕ ФОТОГРАФИ КОИ САКААТ ДА РАСКАЖАТ ВИЗУЕЛНИ ПРИКАЗНИ И ДА ЗАПОЗНААТ НОВО ГОЛЕМО КРЕАТИВНО ДРУШТВО!



Курс по Фотографија
Учесниците на обуката ќе имаат можност креативно да ги искористат вредностите на фотографијата, од технички (бленда, експозиција, исо, баланс…), ликовен (композиција, боја, контраст, текстура…) и драматуршки аспект, како и запознавање на сите типови на светло и обработка и монтажа на фотографија.
По завршување на секој час, учесниците добиваат дигитална скрипта.
На крајот од обуката, учесниците ќе бидат дел од финална галериска изложба на којашто ќе им биде доделен сертификат за успешна реализација на програмата.

Твојата прва скала
Биди дел од најновите активности во Скала, информирај се, инспирирај се и запознај се со нашите програми преку нашите настани и содржини.
Карактеристики
- Уште 2 слободни места
- ПОЧЕТОК
29.03.2025
- НАСТАВА
30 часа
- ВРЕМЕТРАЕЊЕ
10 термини
- ТЕРМИН
Сабота, 12:00ч. – 14:30ч.
- ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ
почетни
- СТУДЕНТИ
15
- ФОРМАТ
физичко присуство
- ЕВАЛУАЦИЈА
Да
- СЕРТИФИКАТ
Да
Можности за финансирање
- ЦЕНА
345€ [плаќање на 3 рати без камата]
- РАН УПИС
Да
- ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ
Да
- ПОПУСТ
10% попуст за уплата на целиот износ
Програма

Основи на фотографија • 3 часа
час 1. Теорија: Технички карактеристики на фотокамера и историја на фотографија.
Пејсаж фотографија • 3 часа
час 2. Теорија: Пејзаж;
– Ликовни елементи и принципи во фотографија;
час 3. Теренски вежби: Пејзаж.
Портрет фотографија • 15 часа
час 4. Теорија и вежби; Портрет;
час 5. Портрет вежби во ентериер
– со 4 професионални фотомодели/ки, актери/ки;
час 6. Портрет вежби во екстериер
– со 4 професионални фотомодели/ки, актери/ки;
час 7. Вежби во фото-студио
Фотоновинарство • 6 часа
час 8. Теорија и вежби: Документарна фотографија;
час 9. Теренски вежби: Фоторепортажа;
Конечен продукт • 3 часа
Изложба на фотографии
час 10. Вежби: ADOBE Photoshop + подготовки за изложба.
* * *
+ Свечена изложба на фотографии и журка!
Trusted by














































Наставен тим

Ментор
Драги Неделчевски
Образование
Правен факултет, УКИМ – Скопје;
Дипломиран правник
Работно искуство / Автор
Активен и плоден фотограф. Во 1980 година е еден од основачите на Фото кино студиото во Домот на културата во Тетово, додека во 2003 год. е дел од основачите на популарната Фото група „Чкрап!“.Автор е на неколку самостојни изложби меѓу кои и фото есејот „ЖИВОТ ВО КУТИЈА“, изложба која беше прикажана во Скопје, Прилеп, Белград, Сараево и Берн (Швајцарија).Како фотограф, учествувал на повеќе домашни и меѓународни изложби на фотографија каде е наградуван повеќе пати.Коавтор е на монографијата „ЖИВОТ ВРЕДЕН ЗА ЖИВЕЕЊЕ“ и еден е од основачите на Creative Exchange, група на фејсбук која разменува креативни содржини меѓу дизајнерите, фотографите, типографите и сите креативни луѓе во Македонија. Неделчевски е ментор и предавач на програмата “Курс по фотографија” од 2013 година.
Денес
Фотограф и ментор / предавач по фотографија во СКАЛА School.



ЗАПОЧНИ СО СКАЛА
Искачи се едно скалило повисоко од останатите!
Не ја пропуштај можноста да ја имаш кариерата што ја посакуваш.
Те очекуваме!
Скала Академии
Фотографија
UX/UI дизајн
Ентериер и продукт дизајн
Моден дизајн
Видео продукција, анимација и нови дигитални медиуми
Графички дизајн
