Програмата е под менторство на Катерина Тошева, специјалист за моделирање облека.
Учесниците на обуката ќе имаат можност да се запознаат со алатките коишто се користат при процесот на кроење и шиење, техники на моделирање и изработка на основен терк. Во рамките на обуката, учесниците со насоки од страна на менторот ќе изработат најмалку едно парче облека, почнувајќи со здолниште како основа за стекнување на сите потребни вештини.
Сите алатки за потребите на програмата се вклучени во цената.
На крајот од обуката, учесниците ќе бидат дел од финална изложба (show room) на којашто ќе им биде доделен сертификат за успешна реализација на програмата.
Курс: Техники на кроење и шиење
ЗА СИТЕ КОИ НЕКОГАШ ИМАЛЕ ИДЕЈА И ЖЕЛБА ДА СОШИЈАТ НИВНО ПАРЧЕ ОБЛЕКА!



Курс по Техники на кроење и шиење

Твојата прва скала
Биди дел од најновите активности во Скала, информирај се, инспирирај се и запознај се со нашите програми преку нашите настани и содржини.
Карактеристики
- Уште 3 слободни места
- ПОЧЕТОК
05.04.2025
- НАСТАВА
24 часа
- ВРЕМЕТРАЕЊЕ
8 термини
- ТЕРМИН
Сабота, 12:00ч. – 14:30ч.
- СТУДЕНТИ
12
- ФОРМАТ
физичко присуство
- ЕВАЛУАЦИЈА
Да
- СЕРТИФИКАТ
Да
Можности за финансирање
- ЦЕНА
295€ [плаќање на 3 рати без камата]
- РАН УПИС
Да
- ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ
Да
- ПОПУСТ
10% попуст за уплата на целиот износ
Програма

• Алатки и нивно користење;
• Техники на моделирање;
• Изработка на основен терк;
• Модификација на вшитоци;
• Изработка на облека;
• Проба на кукла или жив модел;
• Анализа и корекции.
Trusted by














































Наставен тим

Ментор
Катерина Тошева
Образование
УСО Кочо Рацин -Конфекциски моделар;
Aкадемија за моден дизајн, Скала – Школа за дизајн
ЦСОО и ЗК -Ментор Обучувач на наставници и ученици во стручно образование;
Работно искуство / Автор
Модно Студио ЛЕ-ТЕ официјално започнува со својата работа во 2006 година. Неофицијално започнува во 1996 година и посветено работи на конфекциско производство и изработка по нарачка на машка и женска облека. Во 2010 година нуди готов производ со класичен изглед . По завршување на Академијата за Моден дизајн во 2018 г. ја лансира првата колекција “Огледало”, и во 2019 г. ја лансира колекцијата за накит “НОЌНИ ЛИСЈА” која промотивно е создадена по повод отварање на онлајн продавница. Од 2019 г. насочено работи на 2Д и 3Д дигитално конструирање и прототипирање во модната и текстилната индустрија. Зад себе остава многубројни успешно реализирани проекти во делот на костимографија, прототипирање и иновации, дизајн за Бренд нарачки, техничка поддршка и контрола во производство, Консултации и обуки. Голем дел од проектите се успешно реализирани со онлајн работа и комуникација за Англија, Австралија, Америка, Холандија, Израел и Индија.
Денес
Моден дизајнер во “Модно Студио ЛЕ-ТЕ”, Продукт дизајнер во “BRUMMELL”, Моделар и Техничар во “BELLA”, 3Д дизајнер во “Virtuality.Fashion”

Асистент
Марија Трајковска
Образование
Психологија, Филозофски факултет, УКИМ Скопје
Aкадемија за моден дизајн, Скала – Школа за дизајн
Работно искуство / Автор
Наградена студентка при академијата Џолев и уметностите за најдобра студентка на моден дизајн, 2021-22 година. Веднаш по завршување на академијата, посетува пракса во модната куќа Бела.
Учесник на Моден викенд Скопје 2024 и на Скопје модел фестивал 2022 со сопствени парчиња.
Учество со сопствени парчиња на аукцијата Fashion with a cause, организирана од граѓанската организација Конект.
Волонтер-асистент на работилницата Од обука за кроење и шиење до сопствен бизнис, организирана од Амбасадата на Република Словенија во Скопје.
Основач на мал бизнис за рачно изработени хеклани ташни Tangled.
Денес
Графички дизајнер во маркетинг агенција Friday Communications.



ЗАПОЧНИ СО СКАЛА
Искачи се едно скалило повисоко од останатите!
Не ја пропуштај можноста да ја имаш кариерата што ја посакуваш.
Те очекуваме!
Скала Академии
Дигитален маркетинг
Фотографија
UX/UI дизајн
Ентериер и продукт дизајн
Моден дизајн
Видео продукција, анимација и нови дигитални медиуми
Графички дизајн
