Skip to content

Курс: Филм и филмски актер

ЗА СИТЕ КОИ ИМААТ ИНТЕРЕС ЗА ГЛУМА И ЖЕЛБА ДА ЈА ИМААТ СВОЈАТА ПРВА ФИЛМСКА ПРЕМИЕРА!

Курс по Филм и филмски актер

Програмата е под менторство на македонската театарска, филмска и ТВ актерка со интернационална кариера, Слаѓана Вујошевиќ.
Учесниците на обуката ќе имаат можност да се запознаат со процес на градење на лик и личност, подготовка на кратко сценарио, актерска импровизација и игра пред камера. Секој од учесниците ќе биде дел од практичен актерски процес во којшто ќе бидат реализирани 10 кратки филмски етиди со професионална филмска екипа. Завршните активности од програмата опфаќаат подготовка на кастинг-CV и кастинг-фотографии.
На крајот од обуката, учесниците ќе бидат дел од финална изложба и проекција на филмски етиди на којашто ќе им биде доделен сертификат за успешна реализација на програмата.

 

Твојата прва скала

Биди дел од најновите активности во Скала, информирај се, инспирирај се и запознај се со нашите програми преку нашите настани и содржини.

Карактеристики

06.04.2025

21 час

7 термини

Недела, 14:00ч. – 16:30ч.

неопходни

12

физичко присуство

Да

Да

Можности за финансирање

195€  [плаќање на 3 рати без камата]

Да

Да

10% попуст за уплата на целиот износ

Програма

СИСТЕМ НА ГЛУМА • 21 ЧАС
 

термин 1. Лик и Личност;

термин 2. Имагинација;

термин 3. Емоција;

термин 4. Актерска Импровизација;

термин 5. Актерска игра пред камера 1;

термин 6. Актерска игра пред камера 2;

термин 7. Анализа + Кастинг;

 

Сите снимачки етиди се реализирaат со професионална филмска екипа.

+ Кино филмска премиера!

Trusted by

Наставен тим

Ментор

Слаѓана Вујошевиќ

Образование

Факултет за драмски уметности, УКИМ, Скопје –Драмски aктер (додипломски студии);
Државен Конзерваториум – Истанбулски Универзитет -Драмски актер (мастер студии);
Институт за социјални науки – Истанбулски Универзитет – Радио, ТВ и кино (докторски студии).

Работно искуство / Автор

Слаѓана има децениско искуство како актер во театарски претстави во независни и државни театри, кратки и долгометражни филмови, ТВ-серии и анимирани проекти. Таа е едукатор по актерска игра, сценски говор и сценски движења во уметничките школи Sahnebaz, Hata Yapım Atölyesi и Entropi Sahne во Истанбул. Работи како актерка во Турски театар -Скопјe и е демонстратор по предметите Сценски говор и Техника на глас на ФДУ -Скопје. Таа е организатор и тренер на домашни и интернационални работилници по техниката „Михаил Чехов“ и основач на организацијата за уметност и едукација „Ветра арт“ -Скопје.

Денес

Македонска театарска, филмска и ТВ-актерка со интернационална кариера. Актерка во претставата „Бела фигура“ во Турски театар и независниот проект „Подготвено“ во режија на Дејан Спасовиќ. Програмски директор на „Скомрахи 2023“ (Интернационални студентски средби на ФДУ-Скопје). Организатор и тренер на театарски и филмски работилници во „Ветра арт“ -Скопје.

ЗАПОЧНИ СО СКАЛА

Искачи се едно скалило повисоко од останатите!
Не ја пропуштај можноста да ја имаш кариерата што ја посакуваш.
Те очекуваме!

Скала Академии

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: