MasterClass: Студиска фотографија
Усоврши го твоето познавање и разбирање на контролата на светлината, техничкиот сетап на студиска опрема.
MasterClass: Портретна студиска фотографија
За кого е наменет?
- Фотографи кои сакаат да го совладаат студиското осветлување.
- Креативци што сакаат да го разберат влијанието на светлината врз фотографскиот процес.
- Сите што сакаат да работат со професионална студиска опрема во контролирани услови.
Местата се ограничени! Осигурај си место и стекни се со практични вештини кои ќе ти овозможат целосна контрола врз студиското осветлување и професионална реализација на портрети.
Разгледај ја програмата подолу.
Карактеристики
- Уште 1 слободно место
- ПОЧЕТОК
25.02.2025
- НАСТАВА
18 часа
- ВРЕМЕТРАЕЊЕ
6 термини
- ТЕРМИН
18:00ч. – 20:30ч.
- ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ
тех. познавање на фото. камера
- СТУДЕНТИ
5
- ФОРМАТ
физичко присуство
- ЕВАЛУАЦИЈА
Да
- СЕРТИФИКАТ
Да
Можности за финансирање
- ЦЕНА
245€ [плаќање на 3 рати без камата]
- РАН УПИС
Да
- ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ
Да
- ПОПУСТ
10% попуст за уплата на целиот износ
Програма
1. Разбирање и контрола на светлината во студиски услови
- Типови на студиско осветлување (континуирано, строб, моноблок) и нивна примена
- Работа со oсновно светло (key light) и неговите варијации
- Поставување на дополнително светло (fill light, rim light, background light) за креирање атмосфера
- Разбирање на карактеристиките на светлината – јачина, насока, дифузија и контраст
- Балансирање на природна и вештачка светлина во контролирани услови
2. Технички сетап – опрема и модификатори на светло
- Разлики меѓу софтбокс, октобокс, beauty dish и рефлектори
- Употреба на гридови, гелови и дифузори за обликување на светлината
- Контрола на рефлексии и сенки со употреба на gobos и flags
- Оптимални поставки на камерата и експозицијата за студиски портрети
- Разбирање на динамичкиот опсег и влијанието на контрастот во портретната фотографија
3. Практична работа во студио со професионален сетап
- Запознавање со реален студиски амбиент и работа во контролирани услови
- Анализа на различни поставувања на светло (classic three-point, Rembrandt, butterfly lighting, loop lighting)
- Тестирање на различни осветлувања во живо со експериментирање со модификатори
- Работа со различни површини и позадини за постигнување посакуваната естетика
- Индивидуални насоки и фидбек од предавачот за секој учесник
__
+ Професионално студиско опкружување
+ Работа со портрет модели
Ментор
Дејан Џолев
Работно искуство / Автор / Образование
Човек што прави сè и насекаде. Главна и движечка сила, или како што би рекол Драги Неделчевски – Spiritus Movens во Скала и Скала магазин.
Визуелен артист, претприемач, едукатор и активист.
Можеби го знаете од подкастот „Будење“? Освен што е фотограф, Дејан Џолев е и филмски режисер. Креативец кој бил дел од повеќе маркетинг и адвертајзинг агенции, каде што работел на влијателни позиции, обликувајќи концепти и визуелни стратегии.
Од 2012 година е предавач и ментор во неформалното образование во областа на дизајнот, фотографијата и филмот – дисциплини за кои има и формално универзитетско образование.
Основач и сопственик на „Скала“ – Школа за дизајн и технологија (поранешно „Џолев и уметностите“), каде што веќе повеќе од една деценија гради прогресивни образовни практики.
Автор со стотици изложени дела во земјата и странство. Неговата последна фотографска изложба, „Тркалезни форми“, беше поставена во Галерија Прима Центарот во Берлин, Германија.
ЗАПОЧНИ СО СКАЛА
Искачи се едно скалило повисоко од останатите!
Не ја пропуштај можноста да ја имаш кариерата што ја посакуваш.
Те очекуваме!
Скала Академии
Фотографија
UX/UI дизајн
Ентериер и продукт дизајн
Моден дизајн
Видео продукција, анимација и нови дигитални медиуми
Графички дизајн