Курс: Обработка на фотографија - ADOBE: Photoshop
За сите фотографи, видеографи, дизајнери и креативци!
Курс по Фотографија
Учесниците на курсот ќе се запознаат со професионални техники на дигитална обработка и монтажа на фотографија преку програмата Adobe Photoshop, со акцент на развивање визуелна прецизност, естетика и техничка самостојност.
Преку практични вежби ќе се совладаат клучните алатки за ретуширање, колор корекција, композиција, манипулација со светло и сенка, како и комбинирање повеќе фотографии во еден визуелен израз.
По завршување на секој час, учесниците добиваат дигитална скрипта со клучните насоки и чекори од обработката.
Програмата завршува со индивидуален финален проект, обработена фотографија или серија, која ќе биде дел од заедничка дигитална изложба и учесниците ќе добијат сертификат за успешно завршена програма.
Карактеристики
- Уште 12 слободни места
- ПОЧЕТОК
15.11.2025
- НАСТАВА
30 часа
- ВРЕМЕТРАЕЊЕ
10 термини
- ТЕРМИН
Сабота, 12:00ч. – 14:30ч.
- ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ
почетни
- ФОРМАТ
физичко присуство
- ЕВАЛУАЦИЈА
Да
- СЕРТИФИКАТ
Да
Можности за финансирање
- ЦЕНА
195€ [плаќање на 2 рати без камата]
- РАН УПИС
Да
- ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ
Да
- ПОПУСТ
10% попуст за уплата на целиот износ
МЕНТОР
Дејан Џолев
Образование
- Филмска и ТВ режија – Факултет за драмски уметности, УКИМ
- Графички дизајн – Факултет за арт и дизајн, ЕУРМ
- Фотографија – МИМ
Работно искуство / Автор
Визуелен артист, претприемач, едукатор и активист.
Мултидисциплинарен креативец со долга кариера во маркетинг и адвертајзинг индустријата, каде што работел на водечки позиции, развивајќи концепти и визуелни стратегии за бројни брендови и компании.
Од 2012 година активно предава и менторира во областа на дизајнот, фотографијата и филмот – дисциплини во кои има и формално универзитетско образование.
Основач и сопственик на „Скала“ – Школа за дизајн и технологија, каде повеќе од една деценија гради прогресивни модели на образование и развива креативна заедница на млади професионалци.
Автор на стотици изложени дела во земјата и странство. Неговата последна фотографска изложба, „Тркалезни форми“, беше поставена во Галерија Прима Центар, Берлин, Германија.
СКАЛА ПО СКАЛА
Искачи се едно скалило повисоко од останатите!
Не ја пропуштај можноста, те очекуваме.
Скала Академии
Академија за фотографија | Скала
UX/UI дизајн
Ентериер и продукт дизајн
Академија за моден дизајн | Скала
Академија за видео продукција, нови медии + AI во Скопје | Скала
Графички дизајн