Skip to content

Курс: Обработка на фотографија - ADOBE: Photoshop

За сите фотографи, видеографи, дизајнери и креативци!

метаноја скала лого бриф академија за графички дизајн

Курс за обработка на фотографија

Учесниците на курсот ќе се запознаат со професионални техники на дигитална обработка и монтажа на фотографија преку програмата Adobe Photoshop, со акцент на развивање визуелна естетика и техничка самостојност.

Преку практични вежби ќе се совладаат клучните алатки за ретуширање, колор корекција, композиција, манипулација со светло и сенка, како и комбинирање повеќе фотографии во еден визуелен израз.

По завршување на секој час, учесниците добиваат дигитална скрипта со клучните насоки и чекори од обработката.

Учесниците ќе добијат сертификат за успешно завршена програма.

Карактеристики

4.11.2026

14 часа

7 термини

Среда, 18:00ч. – 19:30ч.

почетни

физичко присуство

Да

Да

Можности за финансирање

220€ [плаќање на 2 рати без камата]

Да

Да

10% попуст за уплата на целиот износ

Програма

термин 1. Вовед во постпродукција и Photoshop
Запознавање со процесот на постпродукција, интерфејсот и основните алатки.

термин 2.  Корекција на светло, контраст и боја
Основни техники за подобрување на експозицијата, тоновите и боите на фотографијата.

термин 3. Работа со слоеви
Принципи и методологија при работа со слоеви и маски.

термин 4. Селекции
Прецизно издвојување и обработка на одредени делови од фотографијата.

термин 5. Ретуширање на фотографија
Отстранување несовршености, непотребни елементи и корекција на детали.

термин 6. Ретуширање лице
Природна обработка на кожа, лице, коса и други портретни детали.

термин 7. Принципи на фотомонтажа
Комбинирање повеќе фотографии во една визуелна целина.

МЕНТОР

дејан џолев скала

Дејан Џолев

Образование

  • Филмска и ТВ режија – Факултет за драмски уметности, УКИМ
  • Графички дизајн – Факултет за арт и дизајн, ЕУРМ
  • Фотографија – МИМ

Работно искуство / Автор

Визуелен артист, претприемач, едукатор и активист.

Мултидисциплинарен креативец со долгогодишна кариера во маркетинг и адвертајзинг индустријата, каде што работел на раководни позиции и развивал креативни концепти и визуелни стратегии за бројни брендови и компании.

Од 2012 година е основач и сопственик на „Скала“ – Школа за дизајн и технологија, каде што гради прогресивни модели на образование и развива креативна заедница на млади професионалци.

Автор е на стотици дела изложувани во земјата и во странство. Неговата последна фотографска изложба, „Тркалезни форми“, беше поставена во галеријата „Прима Центар“ во Берлин, Германија.

СКАЛА ПО СКАЛА

Искачи се едно скалило повисоко од останатите!
Не ја пропуштај можноста, те очекуваме.

Скала Академии

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: