Skip to content

MasterClass: Студиска фотографија

Усоврши го твоето познавање и разбирање на контролата на светлината, техничкиот сетап на студиска опрема.

скала џолев студио фотографија

MasterClass: Портретна студиска фотографија

За кого е наменет?

  • Фотографи кои сакаат да го совладаат студиското осветлување во портретна, модна и продукт фотографија.
  • Креативци што сакаат да го разберат влијанието на светлината врз фотографскиот процес и визуелниот израз.
  • Сите што сакаат да работат со професионална студиска опрема во контролирани услови и да реализираат портрети, модни сетапи и продукт сценарија.

Местата се ограничени! Осигурај си место и стекни се со практични вештини кои ќе ти овозможат целосна контрола врз студиското осветлување и професионална реализација на фотографски проекти.

Разгледај ја програмата подолу.

Карактеристики

03.03.2026

18 часа

6 термини (втор. + чет.)

18:00ч. – 20:30ч.

тех. познавање на фото. камера

12

физичко присуство

Да

Да

Можности за финансирање

285€ [плаќање на 3 рати без камата]

Да

Да

10% попуст за уплата на целиот износ

Програма

скала академија фотографија

1. Разбирање и контрола на светлината во студиски услови (портрет и продукт)

  • Типови на студиско осветлување (континуирано, строб, моноблок) и нивна примена во портретна и продукт фотографија
  • Работа со основно светло (key light) и неговите варијации
  • Поставување на дополнително светло (fill light, rim light, background light) за креирање атмосфера и волумен
  • Разбирање на карактеристиките на светлината – јачина, насока, дифузија и контраст
  • Балансирање на природна и вештачка светлина во контролирани студиски услови

2. Технички сетап – опрема и модификатори на светло

  • Разлики меѓу софтбокс, октобокс, beauty dish и рефлектори во портретна и продукт фотографија
  • Употреба на гридови, гелови и дифузори за обликување на светлината
  • Контрола на рефлексии и сенки со употреба на gobos и flags
  • Оптимални поставки на камерата и експозицијата за студиски портрети и продукти
  • Разбирање на динамичкиот опсег и контрастот во фотографирање на лице и материјали

3. Практична работа во студио со професионален сетап

  • Работа во реален студиски амбиент со портрет модели и продукт поставки
  • Анализа на светлосни сетапи (three-point, Rembrandt, butterfly, loop lighting)
  • Практично тестирање и експериментирање со различни осветлувања и модификатори
  • Работа со различни позадини, текстури и површини за постигнување посакувана естетика
  • Индивидуални насоки и фидбек од предавачот за секој учесник

__

 + Професионално студиско опкружување
 + Работа со портрет модели 

Ментор

дејан џолев скала

Дејан Џолев

Работно искуство / Автор / Образование

Човек што прави сè и насекаде. Главна и движечка сила, или како што би рекол Драги Неделчевски – Spiritus Movens во Скала и Скала магазин.

Визуелен артист, претприемач, едукатор и активист.

 

Можеби го знаете од подкастот „Будење“? Освен што е фотограф, Дејан Џолев е и филмски режисер. Креативец кој бил дел од повеќе маркетинг и адвертајзинг агенции, каде што работел на влијателни позиции, обликувајќи концепти и визуелни стратегии.

 

Од 2012 година е предавач и ментор во неформалното образование во областа на дизајнот, фотографијата и филмот – дисциплини за кои има и формално универзитетско образование.

 

Основач и сопственик на „Скала“ – Школа за дизајн и технологија (поранешно „Џолев и уметностите“), каде што веќе повеќе од една деценија гради прогресивни образовни практики.

 

Автор со стотици изложени дела во земјата и странство. Неговата последна фотографска изложба, „Тркалезни форми“, беше поставена во Галерија Прима Центарот во Берлин, Германија.

ЗАПОЧНИ СО СКАЛА

Искачи се едно скалило повисоко од останатите!
Не ја пропуштај можноста да ја имаш кариерата што ја посакуваш.
Те очекуваме!

Скала Академии

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: