Курс: Техники на цртање и сликање
ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ КОИ САКААТ РЕКРЕАТИВНО ДА СЕ ЗАНИМАВААТ СО ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ!
Курс по Техники на цртање и сликање
Учесниците на курсот ќе имаат можност да се запознаат со основите на ликовната уметност преку цртачки и сликарски техники. Ќе ги совладаат принципите на композиција, конструкција на поставка, визирање, градација, топли и ладни бои, тон и поделба на плановите преку користење на различни цртачки и сликарски техники зависно од желбата на партиципиентот и моменталната наставна содржина (молив, јаглен, туш, пастел, акварел и акрил).
Сите материјали се вклучени во цената.
На крајот од курсот, учесниците ќе бидат дел од галериска изложба на којашто ќе им биде доделен сертификат за успешна реализација на програмата.
Карактеристики
- Уште 4 слободни места
- ПОЧЕТОК
9 мај
- НАСТАВА
18 часа
- ВРЕМЕТРАЕЊЕ
6 термини
- ТЕРМИН
Сабота, 12:00ч. – 14:30ч.
- ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ
/
- ФОРМАТ
физичко присуство
- СЕРТИФИКАТ
Да
Можности за финансирање
- ЦЕНА
195€ [плаќање на 2 рати без камата]
- ПОПУСТ
10% попуст за уплата на целиот износ
Програма
1. Цијанотипија и интервенција
Концепт: Спој на цијанотипија и современо сликарство како основа за авторска интерпретација.
Акција: По фиксирањето на отпечатокот се интервенира со боја, пастел или акрилни лазури за промена на атмосферата и значењето преку слоевита работа.
2. Сликарска студија по жив модел – портрет и психологија
Концепт: Премин од биста кон жив модел со фокус на карактерот.
Акција: Сликање портрет или полуакт со внимание на анатомија и експресија.
3. Колаж и асемблаж
Концепт: Проширување на сликата во простор преку текстура и ready-made материјали.
Акција: Градење композиција со различни материјали и нивните визуелни и физички контрасти.
4. Хроматски вежби (ограничена палета)
Концепт: Развој на чувството за боја преку работа само со топли или само со ладни тонови.
Акција: Постигнување длабочина и волумен преку валерски односи во ограничена палета.
5. Интимни простори (концептуален автопортрет)
Концепт: Истражување на личниот идентитет преку простор и предмети.
Акција: Комбинирање техники (на пр. цијанотипија + колаж) за создавање личен наратив.
6. Надвор од форматот
Концепт: Напуштање на стандардниот формат и експериментирање со нови размери и носачи.
Ментор
Ана В’чкова
Ана В’чкова(1998) е дипломирана визуелена уметница при Факултетот за ликовни ументости УКИМ во Скопје на отсекот сликарство – модул сценографија.
Нејзината уметничка пракса опфаќа спектар медиуми, од сликарство, фотографија и графички дизајн до видео. Излегувајќи надвор од границите на една дисциплина, В’чкова е привлечена од можноста за комбинирање различни техники, текстури и визуелни јазици. Ваквиот хибриден пристап претставува основа на нејзините креативни истражувања, овозможувајќи ѝ да создава суптилни и автентични
наративи што одекнуваат кај публиката.
Нејзините дела ја истражуваат динамичната врска меѓу медиумот и пораката, со цел да изградат непосредна и трајна поврзаност со гледачот. Преку внимателна интеграција на традиционални визуелни форми и современи дигитални процеси, таа ги преиспитува утврдените уметнички конвенции и начини на гледање. Нејзината пракса е втемелена во уверувањето дека формата и содржината се неразделни секоја постојано ја обликува и преобликува другата.
В’чкова е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија и има учествувано на повеќе групни изложби и меѓународни резиденции, меѓу кои: Ликовна колонија Галичник (2025), Non – linear Archive во Скадар (2025), резиденцијата Infrared во Приштина (2024), Скопски урбани приказни (2025), Femina (2024), Зимски салон(2024), Skala (2022), Manchester Art Fair (2021). Таа има реализирано самостојна изложба во рамки на филмскиот фестивал „Sирни“(2025) во Скопје, а во 2023 година ја има остварено својата прва самостојна изложба
насловена „Diversus“ во МКЦ.
ЗАПОЧНИ СО СКАЛА
Искачи се едно скалило повисоко од останатите!
Не ја пропуштај можноста да ја имаш кариерата што ја посакуваш.
Те очекуваме!
Скала Академии
Академија за фотографија | Скала
UX/UI дизајн
Ентериер и продукт дизајн
Академија за моден дизајн | Скала
Академија за видео продукција, нови медии + AI во Скопје | Скала
Графички дизајн