Програмата е под менторство на филмскиот режисер Дејан Џолев.
Учесниците ќе го поминат целиот процес на филмска актерска подготовка – од создавање лик и работа на сценарио, до актерска импровизација и игра пред камера.
Секој учесник ќе биде дел од практична работа со професионална филмска екипа, во рамки на која ќе се реализираат кратки филмски етиди.
Завршните активности вклучуваат подготовка на кастинг-CV и фотографии, а програмата завршува со финална проекција на која учесниците добиваат сертификат за успешно завршена обука.