Курс: Фотографија
За сите кои сакаат преку фотографијата да раскажуваат приказни и да се поврзат со ново креативно друштво!
Курс по Фотографија
[Целосната програма и информации за менторот се достапни подолу на страната.]
Учесниците на обуката ќе имаат можност креативно да ги истражат и применат вредностите на фотографијата од технички, ликовен и драматуршки аспект, како и да се запознаат со сите типови на светло и нивната улога во визуелниот израз.
По завршување на секој час, учесниците добиваат дигитална скрипта со клучните насоки и содржини од наставата.
Обуката завршува со финална галериска изложба, на која учесниците ќе ги претстават своите дела и ќе добијат сертификат за успешно завршена програма.
Карактеристики
- Уште 13 слободни места
- ПОЧЕТОК
28.03.2026
- НАСТАВА
30 часа
- ВРЕМЕТРАЕЊЕ
10 термини
- ТЕРМИН
Сабота, 12:00ч. – 14:30ч.
- ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ
/
- СТУДЕНТИ
15
- ФОРМАТ
физичко присуство
- ЕВАЛУАЦИЈА
Да
- СЕРТИФИКАТ
Да
Можности за финансирање
- ЦЕНА
345€ [плаќање на 3 рати без камата]
- РАН УПИС
Да
- ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ
Да
- ПОПУСТ
10% попуст за уплата на целиот износ
Програма
Основи на фотографија • 3 часа
час 1. Теорија: Технички карактеристики на фотокамера и историја на фотографија.
Пејсаж фотографија • 6 часа
час 2. Теорија: Пејзаж;
– Ликовни елементи и принципи во фотографија;
час 3. Теренски вежби: Пејзаж.
Портрет фотографија • 9 часа
час 4. Теорија и вежби; Портрет;
час 5. Портрет вежби во ентериер
– со професионални фотомодели;
час 6. Портрет вежби во фото-студио.
Фотоновинарство • 6 часа
час 7. Теорија и вежби: Документарна фотографија;
час 8. Теренски вежби: Фоторепортажа;
Конечен продукт • 6 часа
час 9. Теорија: Вовед во естетика и обработка на фотографија
час 10. Вежби: ADOBE Photoshop + подготовки за изложба.
* * *
+ Свечена изложба на фотографии и журка!
МЕНТОР
Дејан Џолев
Образование
- Филмска и ТВ режија – Факултет за драмски уметности, УКИМ
- Графички дизајн – Факултет за арт и дизајн, ЕУРМ
- Фотографија – МИМ
Работно искуство / Автор
Визуелен артист, претприемач, едукатор и активист.
Мултидисциплинарен креативец со долга кариера во маркетинг и адвертајзинг индустријата, каде што работел на водечки позиции, развивајќи концепти и визуелни стратегии за бројни брендови и компании.
Од 2012 година активно предава и менторира во областа на дизајнот, фотографијата и филмот – дисциплини во кои има и формално универзитетско образование.
Основач и сопственик на „Скала“ – Школа за дизајн и технологија, каде повеќе од една деценија гради прогресивни модели на образование и развива креативна заедница на млади професионалци.
Автор на стотици изложени дела во земјата и странство. Неговата последна фотографска изложба, „Тркалезни форми“, беше поставена во Галерија Прима Центар, Берлин, Германија.
СКАЛА ПО СКАЛА
Искачи се едно скалило повисоко од останатите!
Не ја пропуштај можноста, те очекуваме.
Скала Академии
Фотографија
UX/UI дизајн
Ентериер и продукт дизајн
Моден дизајн
Видео продукција, анимација и нови дигитални медиуми
Графички дизајн