Разговараме со студентките Ема Костовска и Зорица Ставрова од Академијата за ентериер и продукт-дизајн кои ги споделија своите искуства од реалните проекти по предметот Прототип дизајн-студио, под менторство на Љубомир Васиќ.
Тие ни раскажаа за инспирацијата зад нивната идеја, процесот на изработка и соработката со менторот, а споделија и интересни и уникатни детали на нивниот завршен производ.
Ламба која предизвикува движење, а сугерира смиреност
Зорица Ставрова вели дека се одлучиле за самата идеја поради сите предизвици коишто следеле при изработката на овој параметарски дизајн:
Идејата беше да се создаде ламба којашто со својата форма ќе предизвикува некакво движење, додека пак нејзината функција сугерира смиреност и опуштена атмосфера.
Идејата дојде сосема спонтано, бевме инспирирани од оригами! Сакавме ламбата да има специфична форма којашто не е секојдневна и којашто ќе остави впечаток на луѓето. При процесот на дизајнирање, се соочив само со позитивни предизвици и научив колку групната работа позитивно влијае на крајниот резултат. – ни раскажа Ема Костовска.
Зорица додава дека при процесот на креирање на ламбата, имале тимска работа којашто резултирала со продуктивни часови од самиот почеток, па сè до изработка на финалниот продукт.
Клучен фактор во процесот беше добрата подготовка со скици, технички цртежи, 3Д-модели, како и редовната комуникација помеѓу членовите од мојот тим.
☆
Време е за одлука! Погледни ја Академијата за ентериер и продукт дизајн на „Скала“ и инвестирај во својата кариера.
☆
Процесот на изработка на ламбата
Првиот чекор во работилницата беше запознавање со материјалите и нивните карактеристики при различни обработки. Идејата на студентките, којашто започна со едноставна скица, прерасна во 3Д- модел којшто го тестираа на различни начини. Дискутираа за димензиите на ламбата, статиката, изборот на материјали, изворот на светлина и создавањето карактеристични сенки, со цел да ја дефинираат целосната атмосфера којашто може да ја креира ламбата. Од овие заклучоци произлегоа техничките цртежи за ламбата коишто несомнено го олеснија процесот на создавање на прототипот.
Зорица ни раскажа за нивната работа во работилницата каде што со помош на менторот, ламбата почна да го добива својот облик.
Кружните делови при основата и врвот ги создадовме во прва фаза, а потоа се посветивме на вертикалните елементи. Сите делови беа креирани одделно заради нивната форма којашто се менува, за да потоа стигнеме до моментот каде што секое парче се шмиргла со цел да ја добие посакуваната заоблена форма при надворешната страна. Како последна фаза, останува позиционирањето на изворот на светлина, како и склопување на сите делови. Секое делче во посебен жлеб, радијално поставени во однос на основата. На крајот, при самото вклучување на ламбата во извор на струја, кај сите лица од тимот забележавме среќа од прекрасно дизајнираниот продукт.
Поддршката на менторот – особено важна за реалните проекти на студентите
Менторот навистина го олесни целиот процес, на тој начин што константно ни ги објаснуваше сите фази при изработка на продуктот. Со неговиот пријателски пристап, часовите беа вистинско уживање, истовремено, заедно создадовме нешто ново и креативно. Времето поминато во работилница е клучно за секој дизајнер! – ни раскажа Зорица.
И Ема се согласи дека нивната соработка со менторот била одлична:
Ги слушаше нашите идеи и ни помагаше тие идеи да станат остварливи. За секое прашање и проблем на коишто наидовме, ни даде совет и благодарение на него, нашата идеја стана вистински производ.
Совет до идните „Скала“ студенти
Им препорачувам на сите кои сакаат да се запишат на академија на „Скала“ да не се двоумат и едноставно да се приклучат на заедницата на „Скала“ во којашто владее креативност и слобода на изразување. Покрај квалитетните часови коишто ги овозможуваат академиите, од големо значење се и сите попатни пријателства коишто во огромна мера, влијаат на животот на еден креативец! – вели Зорица.
Во проектот учествуваа студентките на Академијата за ентериер и продукт дизајн: Зорица Ставрова, Ема Костовска, Марија Стефановска, Ксенија Арсова и Камелија Гочевска.
☆
Студентите на Академијата за ентериер и продукт-дизајн, во првиот семестар имаа уникатна можност да ги следат предавањата по предметите: Технологии и материјали, 2Д-скицирaње / SketchUp, 3Д-моделирање / Autodesk 3ds Max, Прототип дизајн-студио за мебел и ентериер, Техничко цртање, Ликовни елементи и принципи и Естетички дискурси.
Во вториот семестар, фокусот беше на предметите: Дизајн процес, Дизајн на ентериер, Дигитално рендерирање / Rhino – Rhinoceros 3D, 3Д-печатење, Историја на дизајн, Кариера и интелектуална сопственост.
Предавачи и ментори на Академијата за ентериер и дизајн се истакнати професионалци со долгогодишно искуство, меѓу кои: Апостол Тноковски, Илија Паунков, Љупчо Васиќ, Никола Узуновски, Небојша Вилиќ, Дејан Џолев, Јелена Џокиќ, Кристина Крагујевска и Крсто Златков.
☆
Во тек се уписите на нови студенти за учебната 2024/25 година.
Сега е вистинското време да донесеш одлука за следната „скала“ од твојот професионален развој! Закажи средба со наставниот кадар и запознај се со програмата, условите за студирање и можностите по завршување на академијата.